Новиот Mercedes-Benz Citan пристигна во Македонија

Во салонот на Мак Ауто Стар пристигна втората генерација на моделот Citan, а новиот модел доаѓа со значителни промени во споредба со претходникот, како и голем број на нови технологии. Новиот модел е достапен како товарно и како верзија на патничко комбе. Широко отворање на лизгачката врата на левата и десната страна на возилото, како и понискиот приод на товарење, овозможува удобен пристап до внатрешноста. Како дополнение на неговата функционалност и разновидност, возилото обезбедува поголем број опции за зголемување на безбедноста и удобноста при возењето.

Надворешноста на новиот Mercedes-Benz Citan се одликува со избалансирани пропорции и сензуален дизајн. Мускулестите рамења и впечатливите отвори на тркалата ја нагласуваат моќта и емотивната привлечност на возилото – необични стилски елементи за мал ван. На прв поглед, новиот Citan е јасно забележлив како член на семејството на Mercedes-Benz. Јасните форми со намалени линии и моќни површини придонесуваат за филозофијата на сензуална чистота.

Citan комбинира компактни надворешни димензии (должина од 4498 мм) со дарежлив простор во внатрешноста. Благодарение на голем број различни верзии и практични детали за опремата, тој нуди многу различни можности за користење и удобно товарање. Citan е достапен како Panel Van и Tourer. Дури и во варијантата со кратко меѓуоскино растојание (2716 мм), Citan нуди многу повеќе простор во споредба со моделот претходник.

Лизгачките врати се практична карактеристика, особено во тесните места за паркирање. Новиот Citan е достапен со најмногу две лизгачки врати. Тие нудат широк отвор од двете страни на возилото со димензии од 615 милиметри. Висината на отворот на товарниот простор е 1059 милиметри (двете бројки го претставуваат просторот). И одзади, товарниот простор е лесно достапен – прагот за товарење на Panel Van се наоѓа на висина од 59 cm. Во меѓувреме, двата дела на задните врати може да се блокираат под агол од 90 степени, па дури и да се поместуваат за 180 степени на страните на возилото.

Внатрешноста е со класичен Mercedes-Benz стил, каде што главниот приоритет се просторноста и ергономијата. Посебно впечатлив аспект во внатрешноста е хоризонталната форма на инструмент таблата. Целата кабина е модерна и полна со практични места за одлагање на ситници, како и некои поголеми работи.

Различни верзии на MBUX инфозабавниот систем се достапни и кај новиот Citan. Меѓу неговите силни страни се интуитивниот оперативен концепт со користење на екран на допир со големина од 7-инчи, копчиња на допир поставени на воланот или гласовниот асистент „Hey Mercedes“. Дополнителни предности се интеграцијата на паметни телефони со Apple Car Play и Android Auto и дигиталното радио (DAB и DAB+). Понатаму, Citan е подготвен за користење на многу дигитални услуги од Mercedes me connect. Како резултат на тоа, клиентите секогаш се поврзани со возилото без разлика каде се наоѓаат. Така, важни информации им се секогаш достапни и во возилото и надвор од возилото и може да се користат неколку доста корисни функции.

Палетата на мотори кај новиот Citan е формирана од три дизел и два бензински мотори. Покрај 6-степениот мануелен менувач, најмоќните модели се достапни и со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка (DCT).

Достапен е 1.5-литарски CDI дизел мотор во три различни верзии: со 75, 95 и 116 коњски сили. Доколку сакате бензински мотор, достапен е 1.3-литарски турбо бензинец со 102 и со 131 коњски сили.

Mercedes-Benz стави особено акцент на постигнување на карактеристични возни карактеристики, дефинирани како балансирана комбинација на удобност, динамика и безбедност при возење. На предниот дел користи McPherson суспензија, додека на задниот дел е поставена торзиона оска со задни краци кои обезбедуваат дополнително водење на тркалата, исто така пружините и амортизерите се одвоени.

Безбедноста е клучна вредност на брендот Mercedes-Benz. Цврстата структура на каросеријата придонесува за високото ниво на безбедност – седум стандардни воздушни перничиња и широк опсег на модерни системи за помош при возење. Покрај законски задолжителните ABS и ESP системи, новите модели на Citan се стандардно опремени и со помош при поаѓање на нагорнина, систем за предупредување за замор, помошен систем при бочен ветар и систем за итни повици на Mercedes-Benz. Системите за асистенција на Citan Tourer се уште пообемни – во овој модел, aктивната помош за сопирање, aктивната помош за задржување на возилото во лента, помош за следење на слепи точки и помош за ограничување на брзината со откривање на сообраќајни знаци се стандардни за да му обезбедат дополнителна помош на возачот.

Многу други системи за помош при возење се достапни како опција, вклучувајќи Active Distance Assist DISTRONIC кој може автоматски да го преземе возењето во сообраќаен метеж, како и Active Steering Assist што му помага на возачот да го задржи Citan во центарот на лентата.

Почетната цена на Mercedes-Benz Citan 108CDI изнесува 15.205 евра (без ддв), односно 17.942 евра (со ддв).

Повеќе информации за новиот Citan може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Mercedes-Benz.