Новиот Hyundai Venue пристигна во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

Hyundai Venue за прв пат беше претставен во 2019 година, а сега е достапен и на македонскиот пазар.

Воедно, Venue е и најмалиот кросовер модел во моменталната понуда на Hyundai и е позициониран под моделот Kona. На прв поглед, надворешниот дизајн на возилото е малку чуден и несекојдневен бидејќи има покоцкаста форма. Исто така, во споредба со другите кросовер модели на Hyundai е доста различен и се карактеризира со модерен дизајн, како и висок степен на персонализација. Ова е автомобил кој генерално е наменет за помладите купувачи бидејќи е опремен со сите најнови технологии и системи за поврзување, а поради компактните димензии нуди лесно маневрирање и снаоѓање во градскиот метеж.

Внатрешноста е во карактеристичен стил на Hyundai, дизајнот е едноставен, но доста практичен, сите битни функции се контролираат преку физички копчиња кои се јасно поставени. На централната конзола вниманието го привлекува 8-инчниот дисплеј за инфозабавниот систем кој доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto поврзување. Пред возачот се поставени аналогни инструменти со 3.5-инчен дисплеј во средина, а во стандардната опрема добивате и голем дел на системи за безбедност.

На нашиот пазар Hyundai Venue е достапен во неколку различни нивоа на опременост и само еден мотор, а тоа е 1.6-литарски атмосферски бензинец со 123 коњски сили. Стандардно е опремен со 6-степен мануелен менувач, а како опција може да изберете и автоматски менувач. Почетната цена за Hyundai Venue изнесува 17.900 евра.

Повеќе информации за моделот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Hyundai.