Новата фејслифт верзија на SUV моделот Karoq пристигна во салоните на Skoda во Македонија.
Новиот модел добива малку изменет надворешен дизајн кој вклучува нова решетка напред, нови потенки фарови кои стандардно се со LED технологија (како опција се достапни Matrix LED фарови), тука е и нов преден браник кој сега му дава еден поатрактивен излгед на Karoq. Од страните нема никакви промени, освен што сега се достапни нови дизајни за алуминиумските бандажи кои се движат од 16 па се до 19-инчи. Задниот дел добива нови тенки LED светла, како и ново обликуван браник, како и нов мал спојлер. Според Skoda, сите овие промени придонесуваат за помал коефициент на отпор, односно е намален за девет проценти во споредба со претходниот модел.
Внатре, не се направени некои значајни измени, а достапен е нов Eco пакет кој има тапацир од рециклирани материјали. Karoq добива и целосно нов LED пакет за амбиенталното осветлување кое вклучува ленти на вратите и контролната табла. Тука се и новите седишта, кои во зависност од опремата доаѓаат со електрична лумбарна поддршка и меморија, а подобрени се и страничните делови на седиштата. Опционално ќе биде достапна и VarioFlex задна клупа со поделено преклопување во сооднос 40:20:40.
Новиот Karoq сега е опремен и со подобрена технологија, сите верзии стандардно добиваат 8-инчна дигитална инструмент табла, а повисоките нивоа на опременост добиваат поголема 10.25-инчна дигитална инструмент табла. Што се однесува до инфозабавниот систем, стандардно се добива 8-инчен дисплеј, додека поопремените верзии добиваат 9.2 инчен дисплеј.
Практичноста е непроменета во однос на неговиот претходник, со тоа што новиот Karoq нуди багажен простор од 521 литри, со преклопување на задните седишта се добива капацитет од 1.605 литри. Исто така, сега е зголемена и стандардната безбедносна опрема, па Karoq е опремен со сите нови активни и пасивни безбедносни системи.
На нашиот пазар фејслифт верзијата на Karoq е достапна во две нивоа на опременост – Ambition и Style.
Моторите кои се достапни за Karoq се добро познатите TSI бензински и TDI дизел, односно понудата започнува со 1.5-литарскиот TSI ACT кој испорачува 150 коњски сили, а достапен е со мануелен или DSG автоматски менувач. Кај дизелите, достапен е 2.0-литарскиот TDI Evo мотор во две верзии – со 115 и со 150 коњски сили. И двете верзии се достапни со мануелен или DSG автоматски менувач, додека помоќната верзија е достапна и со 4×4 погон на сите тркала.
Почетната цена за Skoda Karoq 1.5 TSI ACT Ambition изнесува 26.340 евра.
Повеќе информации за возилото како и ценовник може да најдете ТУКА.



































