F-Pace е најпродаваниот модел на Jaguar и неодамна доби темелно освежување, а новиот модел отсега е достапен и за македонскиот пазар. Промените вклучуваат нов надворешен изглед, целосно редизајнирана внатрешнос, како и зголемен опсег на мотори.
Визуелните промени на новиот Jaguar F-Pace се суптилни, но и доста приметливи. Додадени се предни ревидирани LED светла и сега се карактеризираат со светлосен потпис во J-форма, првпат забележан на I-Pace. Поставен е и ревидиран браник заедно со зголемена предна маска. На задниот дел, исто така, се поставени нови LED светла и ревидиран браник.
Големите промени се направени во внатрешноста – Кабината на новиот F-Pace е скоро непрепознатлива од онаа на претходниот модел. На централната конзола е монтиран нов 11,4-инчен HD екран на допир кој се карактеризира со најновиот инфо-забавен систем на Jaguar – Pivi Pro, како и Apple CarPlay и Android Auto функционалности. Jaguar вели дека 90 проценти од сите команди може да се направат само со две притискања од главното мени. Горниот дел од контролната табла е поделен на два дела – горната површина може да биде во дрво или алуминиум, додека долниот контрастен дел е прекриен со кожа. Ротациониот селектор за брзини е тргнат и на негово место доаѓа „правилен“ менувач. Новите отвори во вратите се поголеми од претходно и сега може да се стават и поголеми шишиња, додека прекинувачите за отворање и затворање на прозорците се преместени од горниот дел на вратата долу кај рачката за отворање, а тоа резултира со полесно користење.
Понудата на мотори е исто така променета и се состои од три дизел мотори, три бензински мотори и една Plug-in Hybrid верзија. Сите модели стандардно се опремени со погон на сите четири тркала и осумстепен автоматски менувач.
Сите дизел мотори се опремени со 48v mild-hybrid систем, а може да одберете помеѓу 2.0-литарски четирицилиндарски мотор со 163 или 204 коњски сили. Најмоќниот дизел е 3.0-литарски кој располага со 300 коњски сили. Кај бензинците понудата започнува со 2.0-литарскиот мотор со 250 коњски сили, па следи 3.0-литарски мотор со 340 или 400 коњски сили. Plug-in Hybrid верзијата ја носи ознаката P400e која користи 2.0-литарски мотор, батерија од 17,1kWh и електромотор – вкупната системска моќност изнесува 404 коњски сили и 640 Nm вртежен момент, додека само на електрична енергија може да се поминат до 53 километри (според WLTP).
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Automobili Group.



















