Audi Q7

Во салонот на Audi во Скопје пристигна новата фејслифт верзија на големиот SUV на Audi, моделот Q7!

Првото нешто што ќе го приметите е новата решетка на предниот дел, која е доста поголема од претходниот модел. Од двете страни на големата решетка ѕиркаат новите редизајнирани LED фарови, а за надополнување на целата слика додадени се и поголеми отвори за воздух во долните странични делови. Како опција достапни се и HD Matrix LED фаровите кои користат ласерска технологија за осветлување и имаат многу интересен дизајн. На задниот дел, највоочлива е хромираната лента која ги спојува задните светла, дизајнерски детал кој го делат повеќе автомобили од гамата на Audi. Во долниот дел на браникот, овој фејслифт го почасти Q7 со поголеми трапезоидни отвори за издув.

Внатрешноста е местото каде може да се воочат поголеми измени во споредба со претходниот модел, а Audi тврди дека сега се добива повеќе простор во целата кабина. Новата централна конзола има два екрани на допир и дополнително трет екран – дигитална инструмент табла. Очекувано, овој модел на Audi е преполн со најнови технологии кои веќе ни се познати од останатите автомобили од овој германски производител.

Новиот Audi Q7 ќе биде достапен со неколку дизел и бензински мотори, а на сите мотори ќе биде искористена хибридна технологија. Новитет е и тоа што сега како дополнителна опција купувачите ќе можат да додадат активна anti-roll стабилизација со што ќе се добие повеќе комфор и намалено навалување во кривини. За маневрирањето да биде олеснето за овој гооолем SUV на Audi, како опција ќе биде понудено управување и со задните тркала.

За повеќе информации околу возилото посетете го продажниот салон на Audi!

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар