Kia EV6 е прогласен за автомобил на годината за 2022 година со 279 поени и 12 „best“ гласови на церемонијата што се одржа во Женева. Renault Mégane E-TECH Electric е втор, со 265 поени и 15 „best“ гласови, додека последното место на подиумот е Hyundai Ioniq 5, со 261 поен, исто така со 15 „best“ гласови. Ова е првпат Kia да ја освои наградата Европски Автомобил на годината, која го слави 59-тото издание.
Останатите финалисти за овогодинешната награда, од кои шест од вкупно седум се целосно електрични автомобили: Peugeot 308 (191 поени), Skoda Enyaq iV (185 поени), Ford Mustang Mach-E (150 поени) и Cupra Born (144 поени). Шест од финалистите беа целосно електрични автомобили, а седмиот автомобил е достапен во бензинска или дизел верзија, или како Plug-in хибрид верзија. На самиот почеток на изданието за 2022 година, 18 од 39-те први автомобили на долгата листа беа електрични.
Жирито за автомобил на годината за 2022 година се состоеше од 59 членови, кои претставуваат 22 европски земји, со цел да се најде најдобриот нов автомобил на продажба. „Сè уште сме независни од автомобилската индустрија и сè уште немаме категорија“, рече Френк Јансен. „Имаме само еден победник на крајот, не даваме трофеј за секој од учесниците, па затоа оваа награда е толку позната“.
EV6 е првиот наменски EV на Kia што се базира на електричната-глобална модуларна платформа (E-GMP) на компанијата. Оваа високо-технолошка платформа гарантира дека EV6 ги елиминира многуте компромиси со кои се соочуваат електричните возила кои се создадени на платформи првично дизајнирани за мотори со внатрешно согорување. Како резултат на неговите E-GMP основи, EV6 има водечки внатрешен простор во класата, многу импресивен опсег на возење од 528 километри и можности за ултра брзо полнење од 800 V што им овозможува на клиентите да извршат полнење од 10 до 80 проценти за само 18 минути.
Означувајќи ја својата високотехнолошка позиционираност, EV6 беше првиот глобален модел кој ја вгради новата дизајнерска филозофија на Kia „Opposites United“ која се инспирира од контрастите кои се наоѓаат во природата и човештвото. Во центарот на дизајнерската филозофија е новиот визуелен идентитет кој предизвикува позитивни сили и природна енергија, со контрастни комбинации на остри стилски елементи и скулптурни форми.




