Новиот електричен Hyundai Ioniq 5 пристигна во Македонија

Целосно електричниот Ioniq 5 отсега е достапен и на македонскиот пазар. Ова е модел кој отвора едно сосема ново поглавје за брендот и ја редефинира електричната мобилност. Исто така, неодамна Ioniq 5 беше прогласен и за Светски Автомобил на годината!

Ioniq 5 има навистина многу интересен и впечатлив дизајн кој го прави да се издвојува од другите конкурентни модели. Целиот автомобил има остри линии и аголни елементи, а особено е интересна комбинацијата на футуристички и ретро стил. Напред, full LED фаровите се со пикселни елементи и одблиску изгледаат многу импресивно. На задниот дел, исто така футуристичките LED светла го привлекуваат вниманието и го прават Ioniq 5 како некој автомобил од иднината. Страните се со минималистички дизајн, и тркалата иако на фотографии не изгледаат толку големо, конкретниот модел има 20-инчни бандажи.

Внатрешноста изобилува со просторност и свежина, а главниот акцент е ставен на функционалноста и дигитализацијата. На контролнта табла се наоѓаат два поврзани екрани од 12-инчи, од кои едниот е наменет за возачот, додека другиот е наменет за инфо забавниот систем. На задната клупа има импресивно многу простор, а во оваа верзија задните седишта се електрично прилагодливи.

Конкретниот модел е во Ultimate Cell ниво на опременост, а тоа значи дека покривот е со соларни панели и благодарение на сончевата енергија таа се трансферира во батеријата со што се добива зголемен опсег на возење.

Hyundai Ioniq 5 е достапен со две батерии – едната располага со капацитет 58 kWh, а другата е со капацитет од 72,6 kWh. Основните модели доаѓаат со погон само на задната оска, а достапни се верзии и со AWD погон на сите четири тркала кој располагаат со два електромотори (по еден на секоја оска). Ioniq 5 може да испорачува 170, 217, 235 и 305 коњски сили, во зависност од тоа која верзија ќе ја одберете. Што се однесува до опсегот, основната верзија со полна батерија може да помине од 384 до 587 километри, а пак најмоќната верзија има опсег од 460 до 640 километри (според WLTP).

На нашиот пазар Ioniq 5 е достапен во четири нивоа на опременост: Premium, Impression, Ultimate Sun и Ultimate Cell. Почетната цена изнесува 44.900 евра, додека цената за конкретниот модел од фотографиите кој е во Ultimate Cell ниво со поголемата батерија и AWD погон изнесува 61.700 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс.