Новиот Dacia Jogger пристигна во Македонија

Jogger е најновиот и најголемиот модел во моменталната понудата на Dacia, а сега е достапен и на македонскиот пазар.

Новиот Jogger добива робустен надворешен дизајн кој е подвлечен со заштитни пластики околу целиот автомобил. Предниот дел е со сличен дизајн како кај Sandero, со новите LED фарови во форма на буквата Y. Задниот дел добива нов дизајн со големи вертикални задни светла. Jogger има јасен фокус на животниот стил, со 200 мм растојание од подлогата и стил инспириран од SUV моделите, кој истовремено е усогласен со многу голема практичност. Со нешто повеќе од 4,5 метри, тој е најдолгиот модел на Dacia во понудата и како и кај сите претстојни модели на Dacia, поставен е на CMF-B платформата на брендот. Меѓуоскиното растојание од 2,9 метри (околу 30 см подолго од Sandero) овозможува да се постават до седум седишта, иако Jogger е достапен и во форма со пет седишта.

Просторот на задните седишта е одличен и иако поделената клупа во однос 60:40 неможе да се лизга, основите на седиштата се превртуваат нанапред, подобрувајќи го пристапот до багажникот. Други работи кои ја подобруваат употребливоста вклучуваат преклопни маси за пикник на наслоните на предните седишта што се лизгаат до 70 мм, како и интегрирани носачи на покривот со отстранливи делови што можат да се свртат за 90 степени, со оптоварување на покривот до 80 килограми.

Багажниот простор изнесува 213 литри со сите седум седишта поставени, искачувајќи се на 712 литри во конфигурација со пет седишта, со максимална носивост од 1.819 литри на располагање со отстранување на најзадните седишта и преклопување на вториот ред надолу.

Внатрешноста на Jogger е со дизајн кој го имаат сите најнови модели на брендот, а тоа значи огромна практичност, добра ергономија и дигитализација. Достапни се три различни мултимедијални системи во зависност од спецификацијата. Основниот Media Control се базира на апликација за паметен телефон, реплицирајќи ја содржината на апликацијата на екран поставен во инструмент таблата. Едноставен интерфејс што ги контролира навигацијата, медиа и телефонските контакти на вашиот уред. Следен е Media Display системот кој вклучува 8-инчен екран на допир со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto поврзување. На врвот е Media Nav системот кој додава вградена сателитска навигација, како и безжично поврзување со паметни телефони, аудио систем со шест звучници и две USB порти, заокружувајќи ја најновата технологија на Dacia.

Jogger е достапен со два бензински мотори, односно 1.0 TCe турбо бензинец со 110 коњски сили и 1.0 ECO-G со 100 коњски сили што е всушност верзија со вграден LPG плински уред. Двете верзии доаѓаат со 6-степен мануелен менувач.

На македонскиот пазар достапни се три нивоа на опременост – ESSENTIAL, COMFORT и EXTREME.

Почетната цена за Dacia Jogger ESSENTIAL 1.0 ECO-G 100 изнесува 14.690 евра, додека верзијата без плински уред чини 14.890 евра, односно 200 евра повеќе. Ова се однесува за моделите со пет седишта, додека за моделите со седум седишта се доплаќа 600 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Automotive Group.