Во салонот на Citroën пристигна новиот C4 X – модел кој добива уникатен и елегантен дизајн и е наменет за клиентите кои бараат алтернатива за хечбек и SUV модел. Следејќи ги стапките на стилскиот нов Citroën C5 X, дизајнот на новиот C4 X се осмелува да ги оспори традиционалните дефиниции на компактните каросериски модели за да им понуди на клиентите нешто уникатно – вкрстен дизајн кој ја комбинира елегантната силуета на fastback со модерен став на SUV и безвременска префинетост и просторност на четири врати.
Иако новиот C4 X е член на семејството на Citroën од најновата генерација, тој нуди нешто ново, свежо и уникатно за клиентите кои бараат стилски алтернативи на масата на постоечки хечбек и SUV каросериски стилови што веќе се достапни. Со должина од 4600 мм, новиот C4 X уредно влегува во линијата на Citroën помеѓу хечбекот C4 со должина од 4360 мм и C5 X со 4800 мм. Неговото меѓуоскино растојание од 2670 мм е исто како и кај C4 бидејќи и двете се базирани на CMP платформата на компанијата.
Кога се гледа во профил, динамичната линија на покривот на автомобилот тече непречено од горниот дел на шофершајбната до горниот панел на вратата на багажникот за да создаде брза силуета. Задниот панел на вратата на багажникот кој се преклопува надолу кон задниот браник е чист и неоптоварен со интегриран спојлер на врвот, суптилни превиткувања долу и централни букви Citroën.
Новиот Citroën C4 X го подигнува поврзувањето и инфозабавата на следно ниво благодарение на достапноста на целосно новиот инфозабавен интерфејс на Citroën – My Citroën Drive Plus, претставен неодамна на водечкиот Citroën C5 X. Овој интуитивен нов интерфејс користи 10-инчен HD екран и може целосно да се персонализира користејќи систем на „виџети“. Сега веќе познати од паметните телефони и таблет, виџетите обезбедуваат брз начин за гледање на апликациите и содржината на екранот на возилото без да треба да ја отворите апликацијата. Новиот интерфејс има и природно препознавање глас, дигитален асистент кој патниците на возилото можат да го „разбудат“ со командата „Hello Citroën“.
Во кабината, возачот и другите патници ќе уживаат во неспоредливото чувство на спокојство, удобност и простор благодарение на Advanced Comfort искуството на Citroën. Ова е особено забележливо кога седите на задните седишта благодарение на извонредните 198 мм простор за колената во вториот ред и понаведнат (за 27 степени) наслон на задните седишта. Уникатниот дизајн на новиот Citroën C4 X му овозможи на дизајнерскиот тим да создаде импресивен голем простор во багажникот кој обезбедува капацитет од 510 литри.
На нашиот пазар новиот C4 X е достапен во четири нивоа на опременост – Feel, Feel PACK, Shine и Shine PACK. Моторите кои се достапни се идентични како и кај класичниот C4, односно понудата вклучува 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец со 100 или со 130 коњски сили – првиот е достапен само со 6-степен мануелен менувач, додека вториот е достапен исклучиво со 8-степен автоматски менувач. Тука е и 1.5-литарскиот BlueHDi дизел мотор со 130 коњски сили кој стандардно е опремен со 8-степен автоматски менувач.
Секако, во понудата е достапен и целосно електричниот ë-C4 X кој користи батерија од 50 kWh и моќност од 136 коњски сили. Автономијата со едно полнење кај овој модел изнесува 360 километри.
Цените за новиот C4 X започнуваат од 22.390 евра.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Citroën.