За прв пат, Alpine A110 ќе стапне на тлото на Флорида, прославувајќи го своето присуство на трка за Големата награда на Ф1 во Мајами. За оваа премиера, A110 ќе и оддаде почит на оваа многу посебна дестинација со уникатен сет на бои и прилагодувања од Alpine Atelier. Инспириран од неонските светла на Ocean Drive, арт-деко зградите со поглед на Мајами, шарените зајдисонца и енергичната музичка сцена во градот, A110 South Beach Colorway ќе биде достапен во две бои, сина или розова.
Ставени се и уникатни 18-инчни Serac бели бандажи, а овој ексклузивен пакет ќе ја разликува оваа уникатна тема, проширувајќи се до внатрешноста на возилото. Патосниците „South Beach“ ќе бидат извезени во бојата на каросеријата, а сините и розовите знамиња ќе ги красат и надворешноста и внатрешноста на A110. Светло сиви шевови ќе може да се најдат и на седиштата и на кожата од централната конзола.
И покрај поп-арт изгледот на автомобилот, South Beach Colorway пакетот совршено се вклопува во идентитетот на Alpine, со тоа што „Bleu Azur“ и „Rose Bruyère“ се две историски бои на брендот. Трансферирајќи ја оваа верзија со ретро изглед во уникатна современа икона, направена за да уживате во секој свиок од патот. Инаку, овие две бои се земени од боите достапни од програмата за персонализација Atelier Alpine.
Пакетот South Beach не влијае на механиката на A110, така што го задржува 1.8-литарскиот четирицилиндричен турбо бензински мотор кој испорачува 252 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Ова значи дека автомобилот до „стотка“ забрзува за 4.5 секунди и има максимална брзина од 250 км/ч. Тежината на автомобилот исто така останува иста и изнесува импресивни 1.086 килограми.




