Со новата Т-Class, Mercedes-Benz внесува удобност и разновидност во сегментот на мали ван автомобили. Овој целосно нов модел комбинира мултифункционалност и огромна количина на простор со високо ниво на опрема. T-Class е развиена специјално за семејства и луѓе со активен лајфстајл на кои им треба многу простор за нивниот секојдневен живот, како и за викенд патувањата или спортските активности.
Новата T-Class е веднаш препознатлива како член на семејството на Mercedes-Benz. Надворешниот дизајн се одликува со избалансирани пропорции и сензуален дизајн со намалени линии. Стандардната хромирана решетка на ладилникот и куќиштата на надворешните ретровизори во боја на каросеријата, рачките на вратите и предниот браник додаваат врвни премиум детали. Има и панели на праговите со натпис на Mercedes-Benz и опционални тркала од лесна легура од 17 инчи.
Автомобилот комбинира компактни надворешни димензии со огромна количина на простор. Т-Class со пет седишта е долга 4498 милиметри, широка 1859 милиметри и висока 1811 милиметри. А достапна е и подолга верзија со седум седишта.
Дополнителни придобивки кои го олеснуваат секојдневниот живот со T-Class се нискиот праг за товарење од само 561 милиметар и широките лизгачки врати од двете страни на возилото овозможуваат лесен пристап до задниот патнички простор. Клупата на задните седишта се преклопува за да се создаде практично рамен простор за товарење со подот на багажниот простор. Ова овозможува внатрешноста на возилото да се прилагоди по потреба на специфичните барања на купувачите.
Што се однесува до внатрешноста, Mercedes-Benz внесува сосема нова привлечност со висока вредност во сегментот на мали ван автомобили. Стандардната опрема која се добива кај T-Class вклучува најнова генерација на MBUX инфозабавен систем со 7-инчен екран на допир и интеграција за паметни телефони, мултифункционален волан со копчиња за контрола на допир, стартување без клуч, табла со инструменти со дисплеј во боја од 5,5 инчи, а достапно е и LED амбиентално осветлување со избор од осум бои.
Новата T-Class е достапна со вкупно четири мотори. Кај бензинците, достапен е 1.3-литарски четирицилиндричен турбо мотор со 102 коњски сили (ознака T 160) и со 131 коњски сили (ознака T 180). Кај дизелите, достапен е 1.5-литарски мотор, исто така во две верзии – со 95 коњски сили(ознака Т 160 d) и со 116 коњски сили (ознака T 180 d). Погонот е секогаш на предните тркала, а освен 6-степен мануелен менувач, како опција достапен е и 7-степен DCT автоматски менувач.
Што се однесува до безбедносните системи и карактеристики, новата T-Class е опремена со сите најнови системи што се вградуваат и во другите модели на брендот. Бројните системи за помош при возење се стандардни, а тие вклучуваат помош при поаѓање на нагорнина, помош при спротивен ветер, систем за предупредување за замор, активна помош при сопирање со функција за вкрстен сообраќај, активна помош за задржување на лента, помош за слепите точки и помош за ограничување на брзината. Како опција, достапен е Driving Assistance пакетот кој вклучува Active Distance Assist DISTRONIC и Active Steering Assist. За високото ниво на активна безбедност придонесуваат и опционалните LED High Performance фарови. Тие ја зголемуваат безбедноста во текот на ноќта поради нивната шема на широко светло и светлина со боја слична на дневната светлина.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Мак Ауто Стар.



























