Во последнава деценија, C-Class e модел со најголем волумен на производство во Mercedes-Benz. Од последната генерација, претставена во 2014-та година, продадени се дури над 2,5 милиони возила, а од 1982-та година, кога првпат се појавува овој модел, произведено се над 10,5 милиони автомобили. Од ова е јасно дека Mercedes-Benz C-Class е навистина значаен модел за фабриката од Штудгарт.
Кога се појавува нов модел на C-Class, значи и претставување на мноштво новитети не само за германската марка, туку и воопшто во автомобилската индустрија.
„ C-Class е нашиот бестселер и срцето на глобалниот пазар“ C-Class е нашиот најдобро продавана лимузина и сум убеден дека новата C-Class ќе понуди уште поголема возбуда кај нашите купувачи, со широка понуда на високотехнолошки опции, кои се вклучени од поголемиот S-Class. Со најновата генерација на MBUX системот, посебно управување на задната оска и електрификација на моделот, нашиот најуспешен модел, повторно ќе ги подигне стандардите во овој сегмент, изјави Претседателот на Управниот Одбор на Daimler AG и Mercedes-Benz AG, Ола Калениус.
Благодарение на комбинацијата на издолжена хауба и краток преден испуст на возилото, како и долго меѓуоскино растојание и задниот испуст, новата C-Class добива динамични пропорции. Претходниот модел направи голем исчекор во поглед на привлечноста, но новата C-Class оди уште подалеку во истакнување на модерниот луксуз. Сите модели, почнувајќи од основниот модел, ја имаат препознатливата ѕвезда поставена во средишниот дел на предната решетка. Кај дизајн линијата AVANTGARDE има неколку дополнителни декоративни елементи, а особено впечатливи додатоци се забележуваат кај AMG дизајн линијата. Задниот дел е типичен за лимузина на Mercedes-Benz, и за првпат светлата се дводелни, поделени меѓу страничната и групата светла кај багажникот.
Новата C-Class нуди поголема пространост во кабината, бидејќи е проширена за 22 мм во предниот и 15 мм во задниот дел, додека надворешната ширина на возилото е зголемена за 1 см.
Што се однесува до користење на материјалите за изработка на возилото, значајно да се напомене е дека во внатрешноста на новата C-Class, користени се нови материјали со висок квалитет, поради што многу елементи се преземени од поголемата S-Class, како што се на пример, централната конзола и инструмент-таблата. Токму овој екран поставен во средишниот дел е новина и овозможува ракување со функциите на возилото. Неговата надолжна ориентација е особено поволна за користење на навигација. Големината на централниот екран, кој е малку наклонет кон возачот, изнесува 9,5 инчи како стандарден, а поглеми верзии се оние од 11,9 инчи. Што се однесува до инструмент таблата, повеќе не се вградува аналогна, туку на располагање се дигитални екрани со висока резолуција и купувачите можат да бираат меѓу големините од 10,25 инчи и верзија од 12,3 инчи. Постојат 3 опции за изгледот на контролната табла и тоа: Discreet, Sporty, Classic, како и 3 мода на работа: Navigation, Assistance, Service. На пример, доколку изберете дизајн Sporty, тогаш доминира црвената боја на екранот, додека централниот мерач на вртежи на моторот, има динамичен изглед.
Говорната команда „Hey Mercedes“, станува повеќе интерактивна и способна за учење со активирање на нови онлајн услуги во Mercedes me App. Некои опции може да се активираат без употреба на клучните зборови „Хеј Мерцедес“. Ова вклучува, почнување телефонски разговор. Исто така, овој систем е способен да препознае глас на некој од патниците. Со помош на MBUX Smart Home, некои функции кај новата C-Class може далечински да се контролираат, како што е температурата, светлата и слично.
Во однос на дигиталната технологија, друга новина се дигиталните светла – DIGITAL LIGHTS, кои емитираат светлина во висока резолуција и го спречуваат ефектот на ослепување кај другите возачи. Дигиталните светла ја прекршуваат светлината со помош на 1,3 милиони микро огледала и притоа се насочува, со што на крајот се добива светлина со резолуција од 2,6 милиони пиксели. На таков начин дополнително може да се користи за проектирање на линии за следење на патот.
Кај новата генерација на C-Class, сите мотори се опремени со дополнителен електромотор, со моќност од 22 КС, сите бензински и дизел мотори се 4-цилиндрични и сите модели, стандардно се опремени со технолошки напредниот 9-степен автоматски менувач. Освен тоа, достапна ќе биде и хибридна верзија на погонот, со електромотор од 129 КС и батерија чиј капацитет овозможува движење само на струја до 100 километри. Исто така, новина е опцијата управувана задна оска, со чија помош е намален радиусот на вртење на возилото.
Достапни се вкупно пет мотори, од кои три се бензински и два се дизел. Доколку сакате бензинец може да одберете помеѓу C180 (1.5-литарски мотор со 170 коњски сили), C200 (1.5-литарски мотор со 204 коњски сили), C300 (2.0-литарски мотор со 258 коњски сили). C200 и C300 се достапни и со 4Matic погонот на сите тркала. Доколку сакате дизел може да одберете помеѓу C220d (2.0-литарски мотор со 200 коњски сили) и C300d (2.0-литарски мотор со 265 коњски сили).































