Новата генерација на SEAT Leon пристигна во Македонија!

Четвртата генерација на еден од најважните модели на Шпанскиот бренд пристигна во салонот на SEAT во Скопје.

Новиот SEAT Leon е дизајниран, развиен и произведен во Барселона. Платформата на која лежи овој автомобил е напредната MQB Evo која им дозволи на дизајнерите да си поиграат со пропорциите и финалниот дизајн. Во споредба со својот претходник, новиот Leon е 86мм подолг, 3мм понизок и ширината е намалена за 16мм. Додека меѓуоскиното растојание е 50мм поголемо.

Предниот дел на новиот Leon заликува на веќе постоечкиот Tarraco, следејќи го новиот дизајнерски јазик на SEAT. Што значи тоа? – Значи дека има потесни и поостри фарови и поголема вертикална решетка која е поставена пониско во споредба со претходникот. Задниот дел е сега препознатлив по LED светлосната линија која ги спојува двете штоп светла, надополнет со редизајниран спојлер на багажникот. LED светлата не застануваат само на задниот дел. Тие се инкорпорирани и во фаровите, ретровизорите, но најголемата промена е во внатрешноста каде што се протега една гооолема LED амбиентална лента почнувајќи од едната предна врата која оди преку целата шал табла и завршува на крајот од другата предна врата (за жал и овој пат нема LED лента на задните врати).

Внатрешноста на овој автомобил претставува спој на функционалност и минимализам. Целата кабина е дизајнирана да биде ергономско прецизна, со што се зголемува комфорот на патниците, без разлика дали сте на возачкото или некое од останатите седишта. На централната конзола се наоѓа 10-инчен infotainment екран со 3D навигациски систем кој исто така препознава одредени гестови со рацете, со што се намалува потребата од додатни непотребни физички копчиња. Стандардните функции и понатаму ќе се обавуваат на традиционалниот начин – со притискање на копче. Возачот ќе ужива во погледот на дигиталната инструмент табла со подобрена резолуција од претходникот.

Безбедноста е во срцето на новиот SEAT Leon. Интегрирани се сите најнови и најнапредни системи за помош на возачот, кои вклучуваат- predictive adaptive cruise control, emergency assist и travel assist. Благодарение на овие системи, новиот Leon е најбезбедниот автомобил што брендот го има направено до сега. Со комплетно новата динамичка контрола на шасијата(DCC), возењето и управувањето на возилото можат да се променат во зависност од условите и барањата на возачот, со што возилото ќе биде многу поудобно и поспортско. Технологијата за адаптивна шасија постојано ги чита условите на патот, истовремено земајќи ги во предвид маневрирањата на воланот, сопирањето и забрзувањето, за да ја прилагоди суспензијата, оптимизирајќи ја амортизацијата на секое тркало за да се обезбеди што подобра удобност и динамика.

Новиот Leon на нашиот пазар е достапен во три нивоа на опременост – Style, Xcellence и FR. Понудата на мотори вклучува три бензински и два дизел. Кај бензинците достапен е 1.0-литарски TSI со 90 и 110 коњски сили и 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили, а од овој мотор достапна е и mild-hybrid верзија со ознака eTSI и доаѓа ексклузивно само со DSG автоматски менувач. Подоцна во понудата ќе биде достапен и 2.0-литарски TSI со 190 коњски сили. Кај дизелите достапен е 2.0-литарски TDI со 115 и 150 коњски сили, од кој појакиот е достапен само со DSG автоматски менувач.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на SEAT каде што ќе може и да го видите одблиску новиот SEAT Leon.