Новата фејслифт верзија на Mercedes-Benz E-Class пристигна во Македонија!

Еден од најважните модели на Mercedes-Benz, E-Class, доби своја апдејт верзија, која не е само обичен фејслифт, туку ги доби сите оние новини, кои овозможуваат и натаму лидерска позиција во овој сегмент. Со повеќе од 14 милиони продадени возила, почнувајќи од 1946 година, моделот E-Class е најдобро продаваниот модел на сите времиња во Mercedes-Benz. Се смета за модел кој е „срцето“ на брендот.

Во 2016 година, се појави 10-та генерација на E-Class, со мноштво технолошки иновации, како на пример, пакетот на помошни системи вклучително и полусамостојното возење, со што се најави ерата на дигитализацијата. Успешноста на овој модел може да се заклучи и од досега продадените 1,2 милиони возила.

Направените промени се веднаш воочливи кај надворешниот дизајн, со што е зголемено чувството на динамичност. Уште на почетно ниво на опременост, достапен е спортскиот пакет, Avantgarde, дизајнирана е нова предна маска со повеќе хромирани детали, потоа нови предна светла, а како стандардна опција се целосни LED светла. MULTIBEAM LED предните светла, како и ULTRA RANGE долгите светла, се достапни како опција. Темелна промена е направена во задниот дел, каде може да се забележат сосема нови светла и изглед на багажникот.

Во внатрешноста се направени неколку промени, но најзабележителен е новиот управувач, со контроли на допир, потоа 2 големи екрани со големина од 10,25 инчи како стандард. Достапна е најновата генерација на MBUX системот за гласовна контрола на функциите во возилото, како и ENERGIZING comfort функцијата, преку која може да се регулираат температура во возилото, музика, амбиентално осветлување, греење на седишта и програмите за масажа. Овој систем има опција да го учи начинот на живеење на возачот и според неговите потреби да му препорача опција за уживање во возилото.

Што се однесува до помошните системи за возење, кај E-Class се достапни најновите функции, како што се:

  • Active Distance Assist DISTRONIC, со регулирање на брзината при движење по рута, односно доколку системот детектира бавно движење на сообраќајот уште пред да реагира возачот, се намалува брзината на движење на околу 100 км/час како мерка на претпазливост.
  • Active Tailback Assist, при движење во колона на автопат, системот може автоматски да ја одржува брзината на движење и безбедно растојание до 60 км/час
  • Active Brake Assist со cross-traffic функција, доколку постои опасност од судир при нагло вртење, возилото автоматски застанува
  • Active Blind Spot Assist со предупредување при излез на други учесници во сообраќајот, како што се лица кои управуваат велосипеди или мопеди

На располагање се и нови мотори –

Доколку сакате дизел достапни се две изведби – E220d, кој располага со 2.0-литарски мотор со 194 коњски сили и појаката E400d верзија има 3.0-литарски мотор со 330 коњски сили. Кај бензинците достапни се три верзии – E200 и E300 користат 2.0-литарски мотор, но со различна моќност – 197КС и 258КС, соодветно. Верзијата E450 користи 3.0-литарски мотор со 367 коњски сили и на врвот на понудата се AMG верзиите – E53, E63 и E63s.

Исто така, новата E-класа е достапна и во две Plug-in Hybrid изведби – E300e, кој користи 2.0-литарски мотор и вкупна моќност од 320 коњски сили, додека E300de користи исто 2.0-литарски мотор и вкупната моќност е 306 коњски сили.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Mercedes-Benz!

More Stories
Hyundai Elantra