Освежената Porsche Panamera која доби големи надградби на своите погонски единици и на шасијата пристигна во салонот на Porsche Македонија.
Како и со секој фејслифт модел, надворешните промени на новата Panamera се минимални. На предниот дел сите модели сега го добиваат тој „Sport Design“ стил со поголеми отвори за воздух, минимално ревидиран браник и нови full LED фарови. На задниот дел има нови LED задни светла кои сега се споени со светлосна лента, а GTS верзиите добиваат затемнети задни светла. Во понудата се додадени и три нови дизајни на тркала и купувачите сега имаат избор од вкупно 10 различни тркала. Во внатрешноста исто така нема премногу значајни промени, освен новиот управувач како во моделот 911 и уште неколку други детали.
Големите промени се наоѓаат во моторите и шасијата, па така, најмоќната Turbo S изведба добива обновена верзија на познатиот 4.0-литарски V8 мотор кој сега произведува 630 коњски сили и 820Nm вртежен момент, а ова е доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за импресивни 3.1 секунди и максимална брзина од 320 км/ч. Оваа верзија добива и низа промени на надворешноста за уште поагресивен изглед. Во понудата сега е додадена и нова електрифицирана верзија – 4S E-Hybrid. Оваа верзија користи 2.9-литарски V6 мотор кој располага со 440 коњски сили и електромотор со 135 коњски сили, додека вкупната моќност изнесува 560 коњски сили и 750Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3.7 секунди, а максималната брзина која може да ја постигне е 290 км/ч. Оваа верзија добива и нова поголема батерија 17.9kWh која овозможува опсег од 54 километри само на електрична енергија.
GTS верзијата добива обновен 4.0-литарски V8 мотор кој сега произведува 480 коњски сили (20 кс повеќе од порано) и 620Nm вртежен момент. Porsche тврди дека измените го направиле моторот доста поинтензивен во високите вртежни. „Основните“ верзии Panamera и Panamera 4S го користат 2.9-литарскиот V6 мотор кој има непроменета бројка на моќност од 330 коњски сили.
Сите верзии на Panamera добиваат обновени системи за контрола на шасијата, а Porsche тврди дека некои поставувања се создадени од нула и дека активната суспензија (Active Suspension Management) сега обезбедува подобрена удобност во возењето. Електричниот anti-roll бар систем е исто така ревидиран за да се добие подобра контрола на целото возило.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Porsche Македонија.



















