Во просториите на “Мотоцентар Галерија“ (Motocentar Gallery) во трговскиот центар Ист Гејт, беше презентирано новото стратешко партнерство на Мотоцентар со компанијата Nexen Tire. Со овој деловен чекор, Мотоцентар станува официјален дистрибутер за Македонија на пневматиците на корејскиот производител Nexen Tire.
На презентацијата, беше претставена компанијата Nexen Tire, а присутните имаа можност да се запознаат со летната понуда на пневматици – модели со шара “N’FERA Sport“ и “N’FERA Sport SUV“.
Моделите на пневматици “N’FERA Sport” и “N’FERA Sport SUV“ на Nexen Tire се европски, премиум спортски пневматици кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози. Со моделот “N’FERA Sport“, кој е дел од оригиналната опрема пневматици на новата верзија од втората генерација на Porsche Panamera, уште еднаш се потврди високото ниво на соработка помеѓу овие светски компании.
“Водени од тоа, секогаш да овозможиме врвна понуда пневматици на нашите корисници, драго ми е што “Мотоцентар“ стана официјален дистрибутер на Nexen Tire пневматиците за Македонија. Со овој потег, ја потврдуваме нашата деловна стратегија за континуиран развој и следење, како на побарувањата на пазарот, така и на современите трендови во производство на пневматици, од аспект на безбедност и на комфорт.“, изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.
“Нашата деловна филозофија на мобилност е фокусирана на луѓето. Со високо ниво на квалитет и доверба, креираме нови вредности создавајќи пневматици за нови модели на автомобили од врвните светски брендови на луксузни возила. Партнерството со “Мотоцентар“, како наш официјален дистрибутер за Македонија се надоврзува токму на оваа филозофија. Во светот на брзината, имаме за цел на нашите корисници да им овозможиме секојдневна поддршка и безбедност.“, изјави г-дин Ивица Васиќ, Регионален Менаџер за Продажба на “Нексен“ за Балканот.
За сите заинтересирани, летната понуда на Nexen Tire пневматици е достапна во рамки на продажната мрежа на Мотоцентар ширум државата.








