Мотоцентар постојано го зголемува своето портфолиот на услуги и производи. Најновата новост е тоа што Мотоцентар сега е и офоцијалниот увозник за германското моторно масло ROWE.
Уште од својот почеток во 1995 година брендот ROWE се залага за висококвалитетни моторни масла и лубриканти, а сега обезбедува целосен опсег на производи што е достапен во повеќе од 80 земји.
Главната фабрика на ROWE е една од најсовремените фабрики во Европа наменета за лубриканти, таа се наоѓа во Германија во градот Worms и е официјално отворена во 2014 година. Дизајнирана е и изградана имајќи ја предвид одржливоста уште од првиот ден, а тоа може да се види и преку поставените цевководи од 65 километри. Таканаречените „dedicated Lines“ во ROWE се користат исклучиво за еден специфичен производ, што на тој начин ја зачувува околината од безброј операции за перење на цевките кои инаку би биле неопходни.
Брз сервис и промена на моторно масло, како и промена на филтри може да направите во сите продажно-сервисни центри на Мотоцентар низ Македонија, односно во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп и Штип. Исто така, сите производи на ROWE се достапни и преку дилерската мрежа на Мотоцентар, а може да ги најдете и во Тетово, Струга, Неготино, Кичево, Гостивар и Велес.
Понудата на ROWE содржи голем број на разни моторни масла за сите автомобилски брендови и достапни се масла со најразлична градација и спецификација за да одговараат според моделот на автомобилот. Освен ова, брендот ROWE нуди и лубриканти за мануелни и автоматски менувачи, моторни масла и лубриканти за моторцикли, течности за сопирачките, зимски хемиски производи, адитиви, масти и многу друго.
На мојот автомобил направивме брз сервис – промена на моторно масло и сите филтри. Маслото кое е ставено и кое е препорачано од ROWE за мојот автомобил кој користи 2.0-литарски TFSI турбо-бензински мотор е Multi Synt 5W-30 (HC-Synthetic). Ова моторно масло е за премиум рационализација засновано на технологија за HC синтеза и може да се употребува за автомобилски бензински и дизел мотори со и без турбополнач. Овој производ може да го постигне своето високо ниво на перформанси благодарение на употребата на суровини со врвен квалитет.
Во следниот период ќе го тестирам во секакви услови и ќе го споделам моето мислење за ROWE моторното масло.
Повеќе информации за производите на ROWE може да најдете ТУКА и секако во сите продажно-сервисни центри на Мотоцентар!













