На Македонскиот пазар пристига нов автомобилски бренд, односно MG Motor и го надополнува портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс. Регионалниот застапник Grand Automotive Adriatic претстави амбициозен план за воведување на брендот MG Motor во регионот, а во 2022 година планира отворање на 20 продажни и сервисни центри до крајот на годината. Додека во 2023 година, планот е да се отворат уште дополнителни 20 продажни и сервисни центри.
Брендот MG Motor сега го води компанијата SAIC Motor (Shanghai Automobile Industry Corporation) кој е седми по големина производител на автомобили во светот. Исто така, SAIC Motor беше првата автомобилска групација во Кина со годишна продажба од повеќе од 7 милиони автомобили. Покрај Morris Garages (MG), под SAIC Motor се уште Roewe и Maxus, SAIC Volkswagen, SAIC-M и други.
Официјалниот почеток на продажбата во Македонија ќе започне на 1 Септември оваа година, но дел од моделите на брендот ќе бидат достапни и порано. Целосната понуда на модели од брендот MG Motor ги вклучува следните автомобили: MG 5 – првиот целосно електричен караван модел, MG ZS – SUV модел од Б-сегментот кој ќе биде достапен во бензинска и целосно електрична верзија, MG EHS – SUV модел од Ц-сегментот достапен во Plug-In хибридна верзија и целосно електричниот MG Marvel R SUV модел.
Сите модели доаѓаат со една од водечките гаранции на пазарот – односно 7 години и 150.000 километри, што ги прави моделите на MG уште попривлечни за приватните и деловните корисници.
Во Европа, MG Motor отвори повеќе од 400 продажно-сервисни центри во последните две години, а растот на продажбата е резултат на воведувањето на модели кои нуди одличен квалитет и богата опрема.
Во 2020 година MG Motor продаде 7.200 возила во Европа, а во 2021 година тој број се зголеми за трипати и продажбата достигна 22.000 возила. Растот на продажбата продолжи и во 2022 година со 22.135 продадени возила во првиот квартал.
Со својот развој и усовршување, MG Motor го зазеде своето место на светскиот пазар, а неговите карактеристики ги освојуваат купувачите, па може да се заклучи дека моделите на MG се вистинскиот одговор на потребите на европските клиенти.