Mercedes-Benz ја претстави новата освежена верзија на SUV моделот GLE – нема никаква револуција, но автомобилот доби неколку подобрувања, а некои верзии сега се помоќни и поефикасни.
Брендот од Штутгарт има навистина лудо темпо на претставување освежени модели. Неодамна ги видовме Mercedes A-Class и CLA во ново издание, а сега им се придружи и Mercedes GLE. Промените не се револуционерни, а многу од нив тешко се гледаат со голо око и на прв поглед. Предниот дел добива ново обликуван браник и нови LED фарови, додека на задниот дел поставени се LED светла со нова графика и суптилно е променет долниот дел од задниот браник. Достапни се и неколку нови опции, како и неколку нови бои за надворешноста.
Внатре во кабината на новиот GLE наоѓаме стандарден пакет на промени. Ова вклучува нов волан со панели на допир. На листата на опции се појави и хромирана завршница на отворите за воздух. Покрај тоа, малку е освежена понудата на украсни панели и тапацири. На овој автомобил дебитира и најновата верзија на MBUX софтверот. Една од поинтересните новости е системот за планирање патувања со приколка. Со внесување на неговите податоци ќе добиеме рута во навигацијата која ги зема предвид димензиите и текот на патот.
Под хаубата на GLE сега е достапен нов plug-in хибриден погон со ознака GLE 400e – користи 2.0-литарски бензински мотор и електрична единица која нуди 136 коњски сили. Вкупната моќност на системот е 280 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Батеријата има капацитет од 23,3 kWh, што значи добар опсег со едно полнење.
Што се однесува до останатата понуда – и понатаму се достапни 2.0-литарски и 3.0-литарски бензински и дизел мотори со моќност од 269 до 381 коњски сили. Вреди да се напомене дека сега секој мотор ќе биде електрифициран. Станува збор за благ хибриден систем од 48V.
Ажуриран е и off-road режимот. Благодарение на новите амортизери, автомобилот се крева уште повисоко, а камерите можат да создадат виртуелна слика на места скриени од каросеријата.
Фејслифтот важи и за спортските верзии AMG 53 и 63. Освен неколку подобрувања на надворешниот дизајн, најмногу промени има под хаубата на моделот 53. Поголемиот турбополнач овозможи да се зголеми вртежниот момент на 560 Nm, додека моќта остана на 435 коњски сили. Ово му овозможува на GLE53 забрзување од 0 до 100 км/ч за рамно 5 секунди.
GLE 63 S верзијата користи 4.0-литарски V8 битурбо бензински мотор кој испорачува 612 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Сето ова прави да автомобилот забрза до 100 км/ч за само 3.9 секунди и може да постигне максимална брзина од 280 км/ч.


















