Kia XCeed

Најновиот модел во гамата на Kia официјално е претставен на Македонскиот пазар!

Xceed е четвртиот член на семејството Ceed, приклучувајќи се на веќе постоечките модели- хечбек со пет врати, Sportswagon и Proceed shooting brake. Позициониран помеѓу Stonic и Sportage, Xceed е опишан од KIA како crossover utility vehicle(CUV).
Единствените делови кои ги дели со нормалниот Ceed се предните врати, секој друг панел од возилото е редизајниран. XCeed добива поистакната предна решетка со помали доводи за воздух за да му даде уникатен изглед во споредба со другите Ceed модели. На задниот дел, исто така, има целосно нов дизајн. Меѓуоскиното растојание е исто како и кај хечбекот, но XCeed е подолг за 85мм и има повисок Ground Clearance за 42мм.

Во внатрешноста, дизајнот на кабината е скоро ист со сите други Ceed модели. Стандардно доаѓа со 8-инчен дисплеј за Infotainment системот, а како опција достапен е 10,25-инчен дисплеј со вграден навигациски систем, како и поддршка за Apple CarPlay и Android Auto. Xceed е првиот модел на KIA кој има 12,3-инчен дигитален дисплеј во боја наместо конвенционалната инструмент табла. Багажникот е за 31 литар поголем од Ceed хечбек и вкупно на располагање достапни се 426 литри.

XCeed е достапен со вкупно три мотори, понудата започнува со 1.0-литарски T-GDi турбо бензинец со 120 коњски сили, потоа следува 1.4-литарски T-GDi турбо бензинецот со 140 коњски сили и за љубителите на дизел мотори достапен е само еден 1.6-литарски CRDi со 136 коњски сили. Сите модели се со преден погон и стандардно доаѓаат со 6-степен мануелен менувач, а како опција кај 1.4 T-GDi и 1.6 CRDi може да одберете и 7-степен автоматски менувач. Во Македонија, XCeed е достапен во две нивоа на опременост: LX VISION и EX ADVANCE. Почетната цена на Kia XCeed 1.0 T-GDi изнесува 18.550€.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар