Македонска премиера на новата генерација на Kia Sportage

Денес на официјална презентација беше претставена новата петта генерација на ултра популарниот Kia Sportage.

За прв пат во 28 годишната историја на моделот, Sportage добива специјална верзија наменета за европскиот пазар. Развиен на комплетно нова платформа, европскиот Sportage има корист од високотехнолошката инженерска програма фокусирана на Европа, која има реализирано оптимално меѓуоскино растојание и идеални димензии и пропорции за европските патишта. Овој прецизен пристап помогна да се создаде SUV кој совршено одговара на европските барања, нагласувајќи ја неговата секојдневна практичност и употребливост. Ваквиот прогресивен и приспособен пакет, исто така, резултираше со зголемен капацитет на багажникот, а просторот за главата и нозете е значително зголемен во однос на претхнодната генерација.

Надворешноста на новиот Sportage воспоставува нови дизајнерски граници, давајќи му драматично присуство на автомобилот. Однапред, новиот Sportage прикажува прецизна и сложена дизајнерска форма со детално ориентирана црна графичка решетка која се протега низ цел преден дел. Решетката ја поврзува модерната препознатлива „Tiger Nose“ маска со препознатливите LED DRL светла во форма на бумеранг со футуристички стил. Страничниот профил на новиот Sportage создава возбудливо присуство на патиштата со затегнати линии кои сечат по чисти, но префинети површини на каросеријата. Sportage го задржува своето силно присуство и на задниот дел кој е со мускулест дизајн. Интересен детал се и задните LED светла кои се поврзани со тенок хоризонтален дизајн, што пак придонесува за неверојатно широк изглед. Во зависност од спецификацијата, новиот Sportage е достапен со 17, 18 или 19 инчни бандажи, со избор од шест различни дизајни и бои.

Внатрешноста на новиот Sportage е иновативна, модерна и полна со нови технологии. Кабината е внимателно направена за да ја спои новата технологија со луксузни карактеристики, врвни материјали и модерен стил. Вниманието веднаш го привлекуваат двата големи екрани од 12.3-инчи, од кои едниот е наменет за возачот, а другиот е наменет за инфозабавниот систем. Двата системи се направени да бидат лесни за употреба и многу интуитивни. Ергономската централна конзола е оптимално поставена за возачот и совозачот, обезбедувајќи складирање, држачи за чаши и прекинувачи со мек допир.

Интелигентниот внатрешен простор на Sportage, кој комбинира практичност, функционалност и разновидност е поткрепен со компактно меѓуоскино растојание од 2.680 мм, ширина од 1.865 мм, должина од 4.515 мм и висина од 1.645 мм. Sportage нуди простор за нозете од 996 мм за патниците во вториот ред, додека просторот за глава одзади е 998 мм. Капацитетот на багажот е 526 литри. За да се зголеми удобноста, задните седишта може да се склопат со поделеност од 40:20:40, што овозможува простор за товар од 1.715 литри.

На нашиот пазар новиот Sportage е достапен со вкупно четири мотори: кај бензинците достапен е новиот 1.6-литарски T-GDi турбо бензинец со 150 и со 180 (MHEV) коњски сили од кои првата верзија оди само со 6-степен мануелен менувач, а втората верзија само со 7-степен DCT автоматски менувач. Кај дизелите, на располагање е 1.6-литарски CRDi мотор со 116 и со 136 (MHEV) коњски сили, а како и кај бензинецот, првата верзија е со мануелен менувач, додека втората верзија е со автоматски менувач. Стандардно сите модели се опремени со преден погон, а како опција кај помоќните верзии достапен е и 4WD погон.

Што се однесува до опремата, новиот Sportage е достапен во пет нивоа на опременост специјално направени за македонскиот пазар.

Понудата започнува со Reference 1, кој како за основен модел содржи многу богата стандардна опрема која вклучува – скоро сите најнови безбедносни системи, предни и задни паркинг сензори, задна паркинг камера, автоматски клима уред со три независни зони, 8-инчен екран за инфозабавниот систем, инструмент табла со интегриран 4-инчен екран, темпомат со ограничувач на брзина, предни и задни LED светла, 17-иинчни алуминиумски бандажи, затемнети задни стакла, кровни носачи итн…

Дополнително на горе наведеното, Reference 2 моделот добива плус – инфозабавен систем со 12.3-инчен дисплеј, Smart Key – отклучување и стартување на автомобилот со копче, безжичен полнач за мобилен телефон, предни адаптивни LED светла, предни LED светла за магла и друго.

Дополнително на ова, Reference 3 моделот добива – систем за асистенција при возење на автопат, систем за предупредување на слепа точка, систем за избегнување на слепа точка, 360 степени преглед на камери, дигитална инструмент табла со екран од 12.3-инчи, полукожни седишта со греење напред и назад, електрично подесување на возачко седиште, електрично отворање на багажникот, 18-инчни алуминиумски бандажи и друго.

На врвот на понудата се наоѓа GT-Line верзијата која дополнително вклучува уникатна надворешност со поспортски детали, Harman/Kardon премиум аудио систем, кожни седишта со греење напред и назад, електрично подесување на возачко седишта со меморија, специјална GT Line внатрешност, 19-инчни алуминиумски бандажи и друго.

За почетокот на продажбата ќе биде достапна и специјална First Edition верзија која е микс на Reference 1 и Reference 3 верзиите, а акциската цена за оваа верзија со 1.6 T-GDi 150 мотор и мануелен менувач изнесува 24.900 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Kia каде што ќе може и да го видите новиот Sportage.