KIA објави фотографија од новиот кросовер XCeed!

KIA ќе ја прошири својата линија на моделот Ceed со четврта кросовер изведба наречена Xceed, а сега за сега ја имаме само оваа фотографија од новиот модел.Официјалното претставување е најавено да биде при крајот на овој месец.

Од оваа фотографија можеме да го видиме само страничниот изглед на XCeed, но изгледа прилично добро, нели? XCeed е дизајниран во Франкфурт од Gregory Guillaume – истиот човек кој беше одговорен за фантастичниот изглед на моделот Stinger.
Долгиот преден дел и купе кровната линија му даваат на XCeed еден спортски став, а црните пластики околу тркалата и на предниот и задниот браник кажуваат дека се работи за кросовер модел.KIA го опишува XCeed како “урбан кросовер” – па затоа не очекувајте да биде премногу добар за off-road возење.

Кога ќе почне со продажба при крајот на оваа 2019 година, дел од конкурентите му се Volkswagen T-Roc, Ford Focus Active…
Во гамата на KIA, XCeed е помеѓу помалиот Stonic и поголемиот SUV модел Sportage.
Наскоро очекувајте ги сите информации за овој нов модел на KIA, а до тогаш, според оваа фотографија што мислите за возилото?