Jeep Renegade и Jeep Compass добиваат нова елегантна, но забавна верзија за возење со специјалното издание Upland, кое комбинира off-road изглед и легендарна способност на Jeep за авантура надвор од патот со добро опремен ентериер и надградена содржина . Дополнително, Jeep Compass е достапен и во сосема новат e-hybrid High Altitude верзија, која ги комбинира рационалноста и елеганцијата.
Специјалното издание Upland за Renegade и Compass се нуди со 4xe plug-in хибридната верзија со 240 коњски сили, каде што 4xe погонот се залага за подобрени перформанси, забава при возењето, ефикасност на горивото и одговорност за животната средина. Интегрирани се два електрични мотори и батериски пакет од 11,4 kWh кои работат заедно со 1,3-литарски турбо бензинец и шестстепен автоматски менувач. Оваа архитектура обезбедува два автомобили во еден: електрично возило со батерии и електричен мотор и високонапонски литиум-јонски батерии на задната оска и конвенционално возило со мотор со внатрешно согорување поставен на предната оска. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и способноста за негово прилагодување со екстремна прецизност обезбедува уште поголема способност за погон на четири тркала на кој било терен. Истовремено, тие се идеални возила за секојдневно возење во град бидејќи во целосно електричен режим, им овозможуваат на клиентите да патуваат со нулта емисија и просечен опсег од 50 километри.
Благодарение на Jeep e-Hybrid моторот, специјалното издание Compass High Altitude гарантира разноврсно и релаксирачко хибридно возење и нуди 130 коњски сили и 240 Nm врвен вртежен момент, заедно со нов 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Jeep e-Hybrid може да испорача целосен електричен погон при тргнување, при мали брзини, при крстарење и при маневри за паркирање. Различните „EV карактеристики“ му овозможуваат на возилото да се движи во електричен режим, како што се тивко стартување, враќање на енергијата, менување на точката за засилување и оптоварување и електрично возење.
Базирани врз основа на популарната Limited опрема, Jeep Renegade и Compass Upland и Compass High Altitude стандардно добиваат светла за магла во свиоци, целосни LED фарови со автоматско долго светло и шини на покривот. Во внатрешноста на кабината, 7-инчен TFT дисплеј и Uconnect инфозабавен систем со 8,4-инчен екран на допир се понудени на Renegade, додека Compass Upland и High Altitude доаѓаат со TFT дисплеј во боја од 10,25-инчи и Uconnect со 10,1-инчен екран на допир кој нуди комплементарни и паметни функции.
Продолжувајќи со слоганот на брендот – „design to function“, специјалното издание Renegade и Compass Upland е специјално дизајнирано за оние кои сакаат целосно да уживаат во теренските способности на возилата на Jeep со своите седишта што се чистат и се перат. На Compass, бронзениот MetaKrome финиш го подобрува целиот профил на контролната табла. Кабината на Renegade се одликува со бронзени завршетоци обоени со MetaKrome на предните звучници и рамката на отворите за воздух. На двата модели, ексклузивните црни платнени седишта со бронзени детали и технокожен волан ја комплетираат понудата.
Комбинирајќи ја рационалноста и елеганцијата, специјалното издание на Compass High Altitude се одликува со ексклузивни црни детали и непогрешливи браници и калници во боја на каросеријата кои ја подобруваат неговата елеганција и форма, сето тоа во комбинација со ексклузивните 19-инчни сјајни црни алуминиумски тркала. Неговиот ентериер се карактеризира со истакнатите црвени шевови кои се протегаат по целата контролна табла и даваат елегантен и ексклузивен дизајн.
Jeep Renegade и Compass Upland верзиите, како и Compass High Altitude се достапни во Alpine White, црна и Colorado Red боја. Специјалните верзии Upland, исто така, ги додаваат авантуристичките Sting Grey и Shade Blue бои за вкупно пет опции за надворешни бои. Сите опции, освен црната боја, може да се усогласат со двобоен црн покрив, за уште поприспособлив изглед.



















