Најновиот автомобил во понудата на Jeep, моделот Avenger е добитник на наградата Автомобил на годината за 2023 година! Церемонијата за доделување на наградата за прв пат се одржува на меѓународниот саем за автомобили во Брисел.
Avenger има добиено 328 поени и 21 гласови од жирито за Автомобил на годината. Ова е првпат американскиот бренд на групацијата Stellantis да го освои овој престижен трофеј, кој годинава го слави своето 60-то издание.
57-те членови на жирито од 22 европски земји исто така дадоа 241 гласови за Volkswagen ID. Buzz кој се најде на второто место, постигнувајќи 16 „best“ гласови. На третото место се најде Nissan Ariya со 211 поени, додека Kia Niro е четврти со 200 поени. Renault Austral со 163 поени е на петтата позиција, додека Peugeot 408 е шести со 149 поени. Рангирањето го затвора Subaru Solterra/Toyota bZ4X со освоени 133 поени.



