Hyundai ја прикажа новата генерација на Kona

Hyundai го претстави футуристичкиот дизајн за новата генерација на кросоверот Kona. Унапредениот модел ќе биде достапен во четири верзии, вклучувајќи целосно електрична (EV), хибридна (HEV), со мотор со внатрешно согорување (ICE) и спортска N Line верзија, а сите добиваат свој уникатен стил.

Со целосно новата Kona, Hyundai ја донесе својата посветеност на одржлива мобилност и футуристички дизајн за да ги прошири своите EV понуди – иновитивни и напредни од наградуваната IONIQ линија – истовремено исполнувајќи ги различните потреби за мобилност на своите клиенти со разновидни погонски единици. Целосно новата Kona еволуираше во поголем урбан SUV со похрабри стилови што пренесуваат подинамично присуство на патиштата и внатрешност насочена кон возачот. За да обезбеди максимален „простор за живеење“ за патниците, целосно новиот модел порасна на 4.355 мм во должина, што е за 150 мм повеќе од претходната генерација, врз основа на EV варијантата. Тој, исто така, доби 25 мм во ширина и 60 мм во должина на меѓуоскиното растојание во споредба со претходниот модел без да изгуби ниту еден од иконските детали на визуелниот идентитет.

За разлика од повеќето возила што се достапни со различни погонски единици, Kona започна со дизајнот на EV верзијата, а потоа беше прилагоден дизајнот за ICE, HEV и N Line верзиите. Овој неконвенционален пристап му овозможи на Hyundai да донесе техноцентрично дизајнерско размислување во сите варијанти на Kona. И покрај заедничката архитектура, EV, ICE/HEV и спортскиот N Line модел има карактеристичен футуристички стил.

Чистиот, препознатлив преден дел на новата Kona го карактеризира автомобилот што придонесува за мазни аеродинамички перформанси на моделот. Чистиот волумен е нагласен со LED лентата која се протега по целиот преден дел. Употребата на параметриски пиксели, исто така, пропагира карактеристичен дизајнерски елемент од популарната линија на EV модели на Hyundai. И покрај футуристичкиот изглед, целосно новата Kona никогаш не дозволува да се заборави дека е SUV. Динамичниот стил е нагласен со храбро извајаното обложување на крилата околу тркалата, зајакнувајќи ја робустната форма.

Целосно новиот „простор за живеење“ во внатрешноста на Kona обезбедува практични карактеристики и еволуирано искуство во автомобилот за да се приспособат на различни начини на живот. Универзалната архитектура изведена од EV има спортски распоред со лебдечки хоризонтален C-pad за да се нагласи тенкиот и широк ентериер на Kona, обезбедувајќи разновиден простор за возачот и патниците.

Двата екрани од 12.3 инчи и лебдечкиот модул даваат високотехнолошки впечаток. Амбиенталното осветлување го подобрува корисничкото искуство и практичноста. Со преместување на контролите за менувачот од централната конзола и поставување зад воланот, се обезбедува непречен распоред и дополнителен простор за предмети во централниот тунел. Вториот „Curve-less“ ред на седишта ја зајакнува естетиката на урбаниот дизајн на Kona. Овој простор нуди уникатно искуство со максимална употребливост, удобност и просторност.