Големиот Fiat 500L Wagon достапен веднаш со промотивен попуст

Fiat Македонија со специјална понуда и попуст од 3000 евра за големиот Fiat 500L Wagon. Оваа понуда е лимитирана и важи само за возилата на лагер кој се достапни за испорака веднаш.

500L Wagon е најголемиот 500 модел во гамата на Fiat, нуди изразена просторна ефикасност и прилагодливост, како и багажен простор од 560 литри во стандардната конфигурација со 5 седишта. Сите достапни возила се опремени со 1.6-литарски дизел мотор со 120 коњски сили и 6-степен мануелен менувач. Дел од опремата која ја содржат возилата вклучува – 5-инчен дисплеј за инфозабавниот систем, мануелен клима уред, темпомат, LED дневни светла и многу друго.

Fiat овозможува и специјални услови за финансирање како што е кредит со 0% учество и 5% фиксна каматна стапка, а исто така има можност и за лизинг со бескаматно одложено плаќање на првата рата до 6 месеци и минимална учество од 20%.

Повеќе информации за промотивната понуда може да најдете ТУКА
За да ги видите возилата кои се достапни на лагер кликнете ТУКА