Fiat нудат промотивна понуда за Tipo Station Wagon

Fiat нудат промотивна понуда за Tipo Station Wagon која вклучува 1000 евра попуст и возилата се достапни за испорака веднаш.

Караванската изведба на Tipo е наменета за оние на кои им е потребна поголема практичност и поголем багажен простор. Tipo Station Wagon има багажник со капацитет од 550 литри, а благодарение на широкото отворање и правилната форма, ставањето на поголеми и потешки работи не претставува никаков проблем.

Конкретните модели кои се достапни се во City Life ниво на опременост кое вклучува: 16-инчни алуминиумски бандажи, кровни носачи, затемнети задни стакла, LED дневни светла, електрично регулирани и греани ретровизори, помош при одржување на правец во лента на движење, интелегентна помош за одржување на брзина, темпомат, предупредување за замор кај возач, задни паркинг сензори, задна паркинг камера, мониторинг за притисок во пневматици со дисплеј, 7-инчен инфозабавен екран со Apple CarPlay и Android Auto поврзување, управувач и рачка на менувач обложени со кожа, автоматски клима уред, поделено задно седиште, греење на предни седишта и друго.

Што се однесува до моторот, овие модели под хаубата имаат 1.0-литарски турбо бензински мотор кој испорачува 100 коњски сили и 190 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку 5-степен мануелен менувач и ова овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 12 секунди, додека максималната брзина изнесува 191 км/ч.

Цената со промотивниот попуст изнесува 21.350 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Fiat.

Возилата кои се достапни на лагер може да ги погледнете ТУКА.