Кросоверот Fiat 500X и хечбекот Tipo сега се достапни со нов 48-волтен mild-hybrid бензински мотор, како дел од екомобилноста на марката за намалување на загадувањето. Па затоа, целата гама на Fiat сега е електрифицирана.
Моторот за кој станува збор е 1.5-литарскиот четирицилиндричен Firefly турбо-бензинец, на кој сега е ставен стартер-генератор од 48 волти и компактни батерии. Системот испорачува моќност од 130 коњски сили и 240 Nm вртежен момент, силата се пренесува на предните тркала преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.
Fiat тврди дека овој нов mild-hybrid погон ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 до 11 отсто во споредба со моторите без електрична помош. Компанијата, исто така, вели дека електричниот мотор испорачува доволно вртежен момент за да му овозможи на автомобилот да помине кратки растојанија (како на пример кога се движи напред на семафори или при паркирање) само со електрична енергија.
Подобрени се и перформансите – Со новиот хибриден мотор, Fiat вели дека 500X може да забрза од 0 до 100 км/ч за 9.4 секунди, што е повеќе од една секунда побрзо од стариот модел. Добивките на Типо се уште подобри – тој постигнува време од 0 до 100 км/ч за 9.3 секунди, што е повеќе од две секунди побрзо од 1.0-литарскиот трицилиндричен мотор на хечбекот.
Fiat исто така постави значка „Hybrid“ на задните врати на двата автомобили за да се знае дека овие модели се еколошки. Двете возила се исто така достапни во RED ниво на опременост што е дизајнирано да ја подигне свеста за добротворната организација за поддршка на пандемијата основана од Bono и Bobby Shriver.
Инаку, и двете возила се достапни со широк опсег на безбедносна опрема. Во зависност од спецификациите, двата автомобили доаѓаат со автономно сопирање за итни случаи, препознавање сообраќајни знаци, помош за одржување на возилото во лента и сензор за поспаност на возачот, кој може да препознае рани знаци на замор со следење колку добро автомобилот се држи во лентата.









