За прв пат на нашиот пазар, фелните од брендот Japan Racing се достапни ексклузивно во салоните на Мотоцентар. Japan Racing е меѓу најреномираните брендови за фелни и во својата понуда има преку 40 различни модели кои се достапни во најразлични бои и големини.
Во салоните на Мотоцентар се веќе достапни одредени модели, но секако може да се направи и нарачка и конфигурација по ваш избор која вклучува боја, големина, ET и ширина. За стандардните модели на автомобили достапни се 36 различни модели со големина од 15 па се до 23-инчи. Освен оние стандардни бои, Japan Racing во својата програма нудат и специјални бои како што се златна, бронзена, сина, зелена, црвена и така натаму. Дополнително, одредени модели може да бидат и со мат финиш.
Освен за стандардните модели на автомобили, во понудата се достапни и специјално дизајнирани фелни од JR-X серијата кои се наменети за off-road SUV модели, пикапи и други тешки возила. Од оваа серија достапни се вкупно 10 модели со големина од 16 па се до 20-инчи.
Со пристигнувањето на Japan Racing фелните во Мотоцентар, јас ја имав таа чест да бидам меѓу првите кои ставиле вакви фелни на својот автомобил, а крајниот резултат може да го видите на фотографиите. Добро дизајнирани и квалитетни фелни се повеќе од доволни за да го променат целиот изглед на автомобилот и да ве натераат одново да се заљубите во него.
Конкретниот модел што го одбрав за мојот автомобил е SL01, односно најновиот модел во понудата на Japan Racing кој е од новата Super Light серија. Како што кажува и самото име, овие фелни се карактеризираат по тоа што се ултра лесни, конкретно мојот модел е со големина од 19-инчи и 8.5 цола, а тежината на една фелна е само 8.9 килограми.
Исто така, бојата што ја одбрав е бронзена за да се добие еден поуникатен и повпечтлив изглед. И мислам дека воопшто не згрешив со изборот бидејќи сега автомобилот изгледа едноставно предобро. Дополнително, овие фелни освен што го подобруваат изгледот, тие ги подобруваат и перформансите на автомобилот благодарение на помалата тежина во однос на фабричките фелни.
За промена на фелни и пневматици, во салоните на Мотоцентар се користат најнови и најсовремени машини кои овозможуваат премиум услуга. Повеќе за салонот на Мотоцентар во East Gate Mall и машините кои се користат може да прочитате ТУКА.
За повеќе информации околу Japan Racing фелните, нивната цена, конфигурации и слично може да најдете на официјалната вебстрана – https://motocentar.com.mk/ или да посетите некои од салоните на Мотоцентар.
































