Електричните Citroën ë-C4 и ë-C4 X добиваат нов помоќен електромотор и зголемена автономија

Citroën го засилува темпото и ја зајакнува својата позиција со претставување на дополнителна понуда во гамата на ë-C4 и ë-C4 X, која може да се пофали со помоќен мотор и зголемен опсег со едно полнење. Со усвојувањето на новата комбинација на електричен мотор и батерии на овие два модели, Citroën е единствениот бренд што нуди две електрични возила во Ц сегментот.

Citroën претстави нова електрична понуда за ë-C4 и ë-C4 X со нова погонска група со високи перформанси што може да достигне автономија до 420 километри според WLTP циклусот. Ова зголемување на опсегот од речиси 17% во споредба со првата генерација се заснова на комбинацијата на нова батерија со напредна хемија од 54 kWh и нов поефикасен и помоќен мотор кој развива 156 коњски сили.

Оваа нова понуда ја дополнува досегашната понуда која комбинира електромотор од 136 коњски сили и батерија од 50 kW за опсег до 360 километри. Овие два електрични погонски единици се во сржта на стратегијата за електрификација на Citroën, која има за цел да го направи преминот кон електрични возила полесен и без стрес. Тие ја делат истата филозофија на разумен избор на големина на батеријата и капацитет за брзо полнење од 100 kW.

Новиот хибриден синхрон електричен мотор (HSM) од 156 коњски сили го заменува синхрониот електричен мотор со постојан магнет. Тој произведува дополнителни 20 коњски сили, додека одржува високо ниво на ефикасност. Овој мотор е способен да развие 260 Nm вртежен момент кој е веднаш достапен, обезбедувајќи моментална реакција и задоволство при возењето.

Новата батерија од 54 kWh испорачува 4 kWh повеќе од сегашната електрична понуда. Компактна, со течна топлинска регулација и топлинска пумпа како стандард за брзо полнење, има различна хемија и вклучува 102 ќелии и 17 модули. Наместо 60% никел, 20% манган и 20% кобалт, оваа високонапонска литиум-јонска батерија има повисок сооднос на никел (80% никел, 10% манган и 10% кобалт), што резултира со подобрена густина на енергија и подолго траење на батеријата.

Сите овие надградби имаат корист од работниот опсег – кој се зголемува за 17% и достигнува опсег до 420 километри со полна батерија – и ја подобруваат енергетската ефикасност со намалување на просечната потрошувачка на енергија на 12 kW/h. 

И покрај зголемениот капацитет на батеријата, времето на полнење не се зголемува. Два типа на вградени полначи се достапни на ë-C4 и ë-C4 X, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење: еднофазен полнач од 7,4 kW како стандард и како опција, трифазен полнач од 11 kW. Дополнително, ë-C4 и ë-C4 X се компатибилни со брзо полнење – со користење на јавен полнач од 100 kW, од 20% до 80% батеријата се полни за помалку од 30 минути.