Citroën го претстави уникатниот My Ami Cargo

Семејството на Ami расте, со доаѓањето на комерцијалниот модел, My Ami Cargo, иновативното економично решение на пазарот, во целост електрично, ултра-компактно и дизајнирано да излезе во пресрет на потребите на професионалците, од испорака на мали пакети на кратко растојание во урбани средини, па до патување од град до град.

Ограничувањата поврзани со градското возење, потребата за решение со нула емисија и значителниот раст на потребата за испорака на пратки се сите елементи што го наведоа Citroën да го развие My Ami Cargo, комерцијална верзија на моделот Ami. Тоа е идеално решение, електрично, лесно за управување, практично и економично, нудејќи им на професионалците смиреност при организација на работата, со решение што досега не постоеше. Во My Ami Cargo, Citroën создаде модуларен товарен простор веднаш до седиштето на возачот, за пренос на пратки, пошта, алат и предмети од секаков вид, целосно безбедно. My Ami Cargo на тој начин нуди функционален простор за складирање комбиниран со придобивките на електрично возило. Нуди поголема заштита во споредба со возила на две или три тркала и дава можност за поголема агилност отколку лесните комерцијалните возила од повисок сегмент, благодарение на ултра-компактната форма и лесниот начин на управување.

Верзијата „поединец” на Ami ги изненадува сите со просторот во внатрешноста. Сè уште претставува една од основните одлики на My Ami Cargo, генијалност „мал однадвор и голем одвнатре”. My Ami Cargo го задржува нетипичниот изглед на Ami, кој изнудува допадливост на прв поглед. Промените се видливи во внатрешноста, со распоред во патниичкиот дел со 260 l дел за складирање, кој може да прими корисна носивост од 140 kg, благодарение на замена на совозачкото седиште со модуларна заштитна кутија составена од 7 пропиленски делови:

– Вертикална преграда што го одделува делот на возачот од товарниот дел. Поставена е да овозможи доволен простор и да обезбеди заштита на корисникот од товарот, за да може да ужива во комфор при возењето, идентичен на оној понуден кај стандардната верзија на Ami. Дизајнот беше инспириран според намената. Дизајнот е поттикнат од функционалноста. Издлабена форма во одделната преграда му овозможува на возачот доволен простор за да може да управува со рачната сопирачка без никаков проблем. Со висина која е калабрирана да остане под линијата на каросеријата и да се зачува видливоста од 360° за да се осигура безбедност.
– Модуларна полица – служи како капак со можност да издржи 40 kg тежина – адаптирана на горната страна да формира вистинска подвижна маса. Пресек со формат A4 создаден за поставување документи како приемници за достава, книги за нарачки или за дигитален таблет. Создаден е засек во задниот дел, со цел да помогне во задршката на предметите поставени на оваа полица. Прилагодлив е и може да се подигне или да се сврти кон возачот, за подобар пристап до просторот за складирање однадвор или кон вратата на совозачот со цел лесен пристап до кутијата директно од возачкото седиште. Полицата може да се отстрани, со што се овозможува складирање на предметите што се повисоки од зоната, да бидат поставени зад седиштето.
– Рамен под прилагодлив на 2 нивоа. Може да се подигне и да заклучи вертикално без да се попречува товарниот дел или може да се спушти во хоризонтална положба рамно со задниот под на возилото. Оваа последна позиција му овозможува на корисникот да носи подолги предмети со корисна должина од 1,20 m. Вклучени се и стеги или ремени затегнувачи за да ги држат цврсто предмети кои се лесно кршливи.
-Затворена кутија за складирање, во задниот дел, дизајнирана да собере предмети што треба да бидат безбедни, како што се паметен телефон или очила за сонце. Со копче се овозможува отварање на горниот дел.

Првата карактеристика на My Ami Cargo е неговата електричност, па токму затоа тој има нула емисија на CO 2 . Професионалците затоа имаат целосен пристап до регулираните делови во централното подрачје, истовремено уживајќи во лесно и тивко возење благодарение на инстантно достапен вртежен момент при стартување на возилото. Неговата 5.5 kWH литиум-јонска батерија се полни на стандарден приклучок за само 3 часа, едноставно како кај паметните телефони. Испорачува опсег за возење од 75 km, што совршено одговара за кратки патувања во или во близина на урбани центри. Моторот со моќност од 6 kW овозможува максимална брзина од 45 km/h.

My Ami Cargo овозможува супериорна заштита во споредба со возилата на две или на три тркала, благодарение на неговата челична турбуларна структура што штити од удари. Понатаму, ви овозможува да патувате дури и при лоши временски услови во својот затворен и затоплен простор за патници. Висината на My Ami Cargo како и положбата при управување се на иста висина како останатите возила на патот, со што се овозможува добра видливост. Застаклените површини (ветробранското стакло, страничните прозорци, задното стакло и стаклениот покрив во стандардна опција) над каросеријата нудат видливост од 360° и светлина во внатрешностшноста, со што се добива чувство на благосостојба.