Citroën го претстави новиот фејслифт C5 Aircross SUV

Со повеќе од 260 000 продадени возила од неговото претставување во 2018 година, C5 Aircross се наметна во крајно конкурентниот сегмент на компактни SUV возила, благодарение на просторот во патничката кабина, модуларноста и пред сè, неспоредливиот комфор во сегментот. Раскошната внатрешност што претставува вистински потпис на Citroën, како и искуството на марката во превозот на патници го издвојува од конкуренцијата. Дури и денес, C5 Aircross е лидер во смисла на практичноста и нуди порелаксирано искуство во патничката кабина. Ова чувство е засилено во plug-in hybrid верзијата, што веќе претставува повеќе од 30% од продажниот микс во Европа.

Визуелно поголем и поимпозантен, C5 Aircross воведува нов дизајнерски јазик, каде облините им отстапуваат место на поструктурните линии. Стилот на предниот дел е обновен за да биде повертикален и помодерен, засилувајќи го карактерот на безбедно и импозантно возило. Затегнатите линии и вертикалната скалеста конструкција придонесуваат за визуелно проширување на предниот лик на C5 Aircross. На патот изгледа поширок и поимпозантен, го претставува својот многу самоуверен став.

Новиот C5 Aircross го краси ново толкување на логото на марката, постепено добивајќи своја независност и издвојувајќи се од дневните светла, со што се означува поместување од другите модели од гамата, каде шевроните се протегаат долж дневните светла преку хромирана лента. Шевроните сега се во црна лак боја со хромирана рамка. Визуелно се протегаат низ збирот на сѐ поцврстите хромирани и црни клавирски типки што постепено се вклопуваат во дневните LED светла. Изработката во овој дел е многу суптилна, префинета и детална за да се подобри комплетниот впечаток. Ова овозможува повече простор во средината на решетката за да може логото да „дише“.

Карактеристиката за новиот идентитет на Citroën, потписот на дневните LED светла во форма на буквата V, е изработен со дизајн на клавирски типки, што дава hi-tech и продлабочен 3D ефект на предните светла. Понатаму, LED Vision проекторите се подискретни и потемни, со што визуелно се продолжува црната решетка и дополнително се нагласува робустноста на возилото.

Логото и светлосниот потпис во форма на буквата V се подвлечени од долната страна на решетката со високо квалитетна лак црна лента, внимателно дизајнирана до најситни графички детали: образец од шеврони што започнува под логото се движи вертикално нагоре за да биде паралелен со клавирските типки на дневниот светлосен потпис.

Заштитниот капак во долниот дел на предниот браник го прави предниот лик подинамиче и му дава поквалитетен и попрестижен изглед. Достапен е во два врвни материјали, во зависност од нивото на опременост: во сјајно црна боја кај Live, Live Pack и Feel, и во Glossy Aluminium кај Feel Pack, C-Series, Shine и Shine Pack.

Новиот вертикален и структуриран профил на предниот дел ја зајакнува перцепцијата за моќ и робусност на прв поглед. Подобрување кое се наоѓа и на задниот дел во новите структурирани светла. C5 Aircross се одликува со изразен, прикажан преку полното и дарежливо моделирање, висок и хоризонтален капак на моторот, како и 360° застаклена линија, исцртувајќи хромиран страничен потпис во облик на буквата C и засилувајќи го лебдечкиот ефект на кровот. Атрибутите на моќниот и смирувачки SUV се појавуваат и во неговите мускулести страни: растојание од тлото 230 mm, големи тркала со дијаметар од 720 mm, 360° заштита вклучувајќи и Airbump® и лакови на тркалата, препознатливи кровни носачи и доминантна положба при возењето.

Дополнително, повеќе нови стилски елементи на страничниот дел му ја нагласуваат елеганцијата и модерноста, како новите 18″ тркала од легура со дијамантска обработка PULSAR, со многу графички аеродинамичен дизајн, како и суптилна игра на бои и материјали, меѓу алуминиум и сјајно црна; нова сјајно црна боја на школките од ретровизорите, стандард за целата палета, што ја нагласува елеганцијата и пецепцијата за квалитет; сјајно црни функционални кровни носачи со нов елемент во мат црна боја; нов дизајн за Airbump® Color Packs, како одговор на престижните бои на елементите од предниот дел. Во согласност со предниот лик на возилото, C5 Aircross има нов тродимензионален LED светлосен потпис на задниот дел. Без да промена на големината, оптичката единица е опремена со темно и структурирано стакло, потенцирајќи ги трите LED светлосни модули што го сочинуваат светлосниот потпис. Графичките елементи ја нагласуваат елеганцијата и доследноста со предниот светлосен потпис. Како и на предниот дел, суптилниот дизајн на клавирски типки го засилува длабокиот 3D ефект и на задниот светлосен потпис.

C5 Aircross прифаќа нова боја на каросерија Сина Eclipse, многу длабока и елегантна сина боја, што се менува од темно сина во црна во зависност од надворешната светлина. Палетата сега се стеснува на престижните и омилени бои на купувачите: Бела Ice, Бела Pearl, Црна Perla Nera, Сива Platinium, Сива Artense и новата нијанса Сина Eclipse.

Новите бои на пакетите во боја се појавуваат на предните влезови за воздух и на Airbump®. Четири нови пакети на бои, што му овозможуваат на C5 Aircross да го потврди својот карактер на SUV и својата елеганција: Црна Brillant, Темна Chrome, Бронзена Anodisé и Сина Energic боја. Двобојниот црн кров и црните кровни носачи со сјаен финиш му додаваат на возилото уште повеќе префинетост.

C5 Aircross добива нов 10″ екран на допир што изгледа како да лебди над контролната табла и ги внесува возачот и патниците во помодерна патничка кабина. Овој нов, поголем екран ја подобрува ергономијата нудејќи директен пристап до контролите за климатаизација и повисоко читање, со што погледот се задржува на патот. Сега отворите за вентилација се наоѓаат под екранот и се модернизирани со нов остар, хоризонтален дизајн. Новиот 10” екран на допир ќе се вградува во бензинските и дизел верзии со навигација, а од верзијата Feel за хибридите.

Дополнително, 12”3 дигитален дисплеј ги овозможува сите основни и прилагодливи информации директно во линија со видното поле на возачот: преглед на навигацијата, информации за активираните системи за помош при возењето, информации за работниот процес на хибридниот мотор итн. – обезбедувајќи погледот на возачот да остане на патот за комплетно безбедно возење.

C5 Aircross е опремен со нова генерација на седишта Citroën Advanced Comfort® што се веќе присутни кај C4 и C5 X. Изработени од сунѓер со голема густина во срцето на седиштето, дополнителен слој сунѓер со густина од 15 mm и специфична конструкција, седиштата Citroën Advanced Comfort® го нудат најдоброто во однос на визуелен комфор, комфор при седење и комфор при возење, како и долгорочен квалитет, благодарение на типот сунѓер отпорен на собирање со текот на времето. За понатамошно подобрување на комфорот на возачот и совозачот, предните седишта може да имаат греач и масажер.

Модернизираниот амбиент на почетно ниво и 4-те нови Advanced Comfort амбиенти создаваат поелегантна, динамична и квалитетна атмосфера. Ново штепување во сина боја, ги украсува седиштата, панелите на вратите и контролната табла кај сите амбиенти, на многу кохерентен и елегантен начин.
Амбиентот Wild Black го заменува амбиентот Wild Grey, со нова пламено-црна структурирана ткаенина во комбинација со нова ткаенина со ефект на сива кожа и сини штепови.
Амбиентот Urban Black ја комбинира новата Црна Alcantara и ткаенината со ефект на црна кожа . Амбиентот Metropolitan Black го заменува постоечкиот Metropolitan Grey со нова сива ткаенина со ефект на кожа. Конечно, амбиентот Hype Black е освежен за да ја краси врвната обработка со суптилна комбинација на нова перфорирана кожа Paloma и сина кожа Nappa.

Понудата на plug-in hybrid мотори за средните нивоа верзии, дополнително ја подобрува благостојбата во возилото, благодарение на предностите на електричното возење за дневни патувања до 55km и неограничен опсег на возење за долги патувања со бензинскиот мотор.


Plug- in hybrid моторизацијата овозможува возење во тишина и отсуство на вибрации во електричен режим на работа до 135km/h, инстантно достапен вртежен момент од 320 Nm, обезбедувајќи траен комфор за корисникот, гарантирајќи динамично поткревање во секој момент. Со нула емисија на CO2, дава слобода за пристап до урбаните подрачја каде се забранети возила со бензински и дизел мотори.

C5 Aircross нуди широка понуда на технологии од најнова генерација, за подобрен комфор и безбедност на своите патници на дневна основа. Возачите на новиот C5 Aircross имаат корист од 20 системи за помош при возењето во сегментот на компактни SUV возила. Меѓу нив, системот за помош за возење по автопат, системот за автономно возење ниво 2, што го комбинира прилагодливиот темпомат со функцијата Stop& Go и активно предупредување за ненамерно напуштање на коловозната линија, обезбедувајќи засилено чувство на безбедност благодарение на постојаната поддршка за возачот.