Citroën го претстави новиот C5 X

Citroën го претстави својот нов предводник, C5 X, кој вдахнува нов живот во сегментот на големи возила со уникатен дизајн, комбинација од седан и караван, иновативен предлог согласно најчистата традиција на одличните автомобили од Citroën. Овој нов модел, достапен и во бензинска и plug-in хибрид верзија, одлика на современост, статус и иновација, во склоп со високите очекувања на потрошувачите на големи возила како и на сегментот SUV. C5 X го крши мразот со Светска премиера, претставување на активното потпирање Citroën Advanced Comfort, со што се засилува впечатокот на патување на лебдечки килим, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën. Вистинска покана за патување, со внатрешен простор налик на дневна соба кој нуди препознатлив комфор со седиштата Advanced Comfort и неспоредлив простор, особено во вториот ред.

C5 X предизвикува изненадување и возбуда на прв поглед во прилично традиционалниот D-сегмент. Со својот силен концепт, единствен на пазарот, C5 X е природно позициониран како нов предводник во гамата на Citroën и инспириран, дури и за своето име од CXperience Concept, претставен на Саемот за автомобили во Париз 2016. Силуетата на C5 X е впечатлива на прв поглед: наметлива, робустна и карактеристична. Обновувајќи ги кодовите на D-сегментот, има интересна силуета, комбинација од седан и караван со дополнителни елементи што прават да биде и попривлечен SUV. Целосно нова форма со посебен осврт кон аеродинамиката. Долгиот капак на мотороит, флуидни и аеродинамични линии, високо поставена средишна линија и поткренат дел над задните тркала кои внесуваат разлика и динамичност; потсетник на различните видови модели високо рангирани во историјата на Citroën. Задната врата, уште една од разликите на големите возила на Citroën, ги нуди сите практични елементи на возилата караван: има широко, функционално отворање и низок праг за уште полесна, попрактична секојдневна употреба. C5 X има нов светлосен потпис во форма на буквата V како во предниот, така и во задниот дел, за првпат претставен кај новиот C4. Истапува од останатите, а притоа веднаш се идентификува како Citroën, овој технолошки светлосен потпис опфаќа LED светла кои се протегаат долж целата ширина. Забележлив како преку ден, така и во текот на ноќта, ја истакнува уникатната силуета на C5 X.

Патничката кабина на C5 X дава вистински впечаток на топлина, смиреност и простор, покана за патување низ дарежливите пропорции, чувство на добредојде, уникатно внимание на детали и исклучителна практичност. Елеганција и комфор, комбинирани со интуитивна, но дискретна технологија, се клучни зборови за добредојде на оваа патничка кабина, во најчистата традицијата на Citroën. Верен на филозофијата за персонализација на гамата на Citroën, C5 X нуди оригинални амбиенти на внатрешност, давајќи можност патничката кабина да се обликува според сопствената замисла на возачот. Дадена е предност на топлите тонови, префинети комбинации, со посебно чувство за детали. Седиштата Advanced Comfort во C5 X се одбележје за комфор при седењето, овозможувајќи ви да се чувствувате како да сте во својот дом, во својата дневна соба. Тие нудат уникатно добредојде и визуелен комфор благодарение на специјалното штепување, како површина на душек. Динамичниот комфор и комфорот на држењето на телото се изработени од густ слој на структуриран сунѓер што овозможува да се чувствувате релаксирани дури и по најдолгите патувања.

C5 X нуди соодветна понуда за сите намени, за секојдневен живот, за неочекувани моменти, без никакви ограничувања и во целосна слобода: Plug-in Hybrid. Испорачувајќи 225 КС, овој хибрид нуди задоволство при тивко стартување и управување со нула емисија на CO 2 , со опсег за возење повеќе од 50km во режим ZEV, опсег во електричен режим погоден за поголемиот дел од дневните патувања на корисниците, максимална брзина до 135km/h. Токму затоа, ќе може да поминете цела недела без притоа да го користите моторот со внатрешно согорување за секојдневните релации, полнејќи го возилото како што е потребно, во својот дом, на своето работни место или на јавен полнач. Во исто време, имате можност да патувате далеку, да заминете на викенд или на одмор без да се грижите околу полнењето, бидејќи постои можност за економично и ефикасно решение со преземање на управувањето од страна на моторот со внатрешно согорување.

C5 X ја имплементира најсовремената технологија од полето на системи за помош при возењето, користејќи најразлични уреди инсталирани низ возило: радар, камери и сензори. C5 X го нуди најдоброто во полуавтономното возење на ниво 2 во согласност со сегашното законодавство: Highway Driver Assist, кој комбинира Adaptive Cruise Control со Stop & Go и Lane Keeping Assist (Помош за задржување во лента): возачот повеќе не треба да управува со брзината или траекторијата, бидејќи возилото се грижи за сите овие функции. Многу други карактеристики кои го олеснуваат секојдневието, како што е Систем за надгледуање на мртов агол, Предупредување за сообраќај во задниот дел од возилото кој упатува на опасност при возење наназад, Top 360 Vision, кој го олеснува управувањето со возилото прикажувајќи ја надворешноста на таблетот на допир, или пак функцијата Пристап и стартување на возилото hands-freе, преку која автоматски можете да ги отклучите/заклучите вратите од возилото кога возачот се приближува или одалечува од истото. C5 X, достапен со бензински и plug-in hybrid мотори, ќе се најде во продажба во првата половина од 2022 година.