Audi RS5

Audi го “затегна” нивниот звер – RS5 за новата 2020 година. Измени има на надворешниот и внатрешниот изглед, нови технологии и избор на повеќе возачки модови.

Измените однадвор се направени со цел повеќе да го истакнат RS5 од стандардниот А5. На предниот дел е поставена поширока и порамна решетка со истиот дизајнерски јазик кој го имаат RS6 и RS7 над која се наоѓа линија од лажни отвори за воздух инспирирани од оригиналниот Sport Quattro. Браникот исто така добива рестилизирани отвори за воздух кои му даваат многу по агресивен изглед.

Крилата на новиот RS5 се за 40мм пошироки во споредба со стандардниот A5 и во понудата се наоѓаат нови 19 инчни бандажи како стандард, а секако тука се и опционалните 20 инчни бандажи. Нов заден дифузер, променет графички приказ на LED осветлувањето и две нови бои – Turbo Blue & Tango Red се останатите измени предвидени за надворешноста.

Ентериерот е освежен со нов 10 инчен infotainment дисплеј и дигиталната инструмент табла добива подобрена графика и ексклузивни RS модови. “Drive mode selection” копчето има два нови сетинзи – RS1 & RS2 кои можат да се индивидуализираат и зачуваат за полесна активација директно од воланот.

Измени во моторот нема да има и остануваат сите тие 444 коњски сили произведени од 3.0-литарскиот V6 бензински твин турбо мотор кој има 600Nm и RS5 се катапултира од 0-100 км/ч за 3.9 секунди.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар