Audi го претстави ексклузивниот R8 Coupé V10 GT RWD

Дванаесет години по премиерата на првиот Audi R8 GT, Audi Sport сега го лансира второто издание на овој ексклузивен суперспортски автомобил – новиот Audi R8 Coupé V10 GT RWD. Моќноста на 5.2-литарскиот атмосферски V10 мотор е зголемена на 620 коњски сили што го прави најмоќниот R8 до сега со погон на задните тркала. Новиот 7-степен менувач со двојна спојка за побрзи менувања и новиот режим на возење Torque Rear им овозможува на возачите сами да изберат ниво на поддршка за ESC системот. Ова овозможува контролирано и истовремено прецизно пренасочување. Задниот вртежен момент во седум степени може да се прилагоди преку контролното копче на воланот.

Новиот R8 GT е ограничен на 333 примероци ширум светот, а новите и ексклузивни надворешни и внатрешни карактеристики оддаваат почит на првата генерација на R8 GT. Во споредба со R8 V10 Performance RWD, што ја формира основата за второто издание на R8 GT, Audi Sport ги зголеми перформансите на специјалниот модел со цел да го подигне на исто ниво со quattro верзијата. Поточно, овој модел испорачува 620 коњски сили и 565 Nm вртежен момент од 5.2-литарскиот V10 атмосферец. Како резултат на тоа, новиот R8 GT забрзува до 100 км/ч за 3.4 секунди и достигнува максимална брзина од 320 км/ч.

За прв пат до сега, кај моделот R8 се нуди Torque Rear систем. Пролизгувањето се контролира на задната оска со системот за контрола на тракцијата (ASR), а тоа е дел од ЕSC системот. Седум карактеристични модови се складирани во ASR, нудејќи различни нивоа на поддршка. Нивото 1 дозволува мало пролизгување, додека нивото 7 дозволува многу пролизгување. Посакуваното ниво на вртежен момент може да се постави со вртење на контролното копче на воланот. Оваа функција овозможува и различно прилагодување како што се развиваат возачките вештини и условите на патот. Во зависност од тоа како напредува и земајќи ги предвид информациите од сензорите за брзина на тркалата, аголот на управувањето, положбата на педалот за гас и избраната брзина, контролната единица на моторот ја мери моќноста на моторот на задната оска.

Во споредба со R8 Coupé V10 performance RWD, различни мерки резултираа со намалување на тежината за околу 20 килограми до вкупни 1570 килограми. Ексклузивните 20-инчни тркала со 10 краци, кои може да се комбинираат со пневматиците Michelin Sport Cup 2 со високи перформанси, дизајнирани за употреба на патишта и тркачки патеки, играат клучна улога во намалувањето на тежината. Исклучително моќниот керамички систем за сопирање, кој е стандардна опрема во R8 GT, заштедува дополнителна тежина. Дополнително, има bucket седишта и спортска суспензија со CFRP anti-roll барови. Предните anti-roll барови се направени од пластика засилена со јаглеродни влакна. Како опција е достапна уште поспортска суспензија која овозможува поединечно да ја прилагодите позицијата на дотерување и нивоата на компресија и враќање за вашиот R8 GT.

За да се разликува новиот Audi R8 V10 GT RWD од другите верзии, специјалниот модел е опремен со ексклузивни дополнителни делови. Првата карактеристика е црната ознака „R8 GT“ на задната страна, а и сите други амблеми се во црна боја. Дополнително, благодарение на Carbon Aerokit, пакетот генерира подобра стабилност на патот, а со тоа и поголеми брзини во свиоци. Сè на сè, Carbon Aerokit се состои од следните додатоци: преден сплитер, странични прагови, cW-елементи на страните на задниот браник, дифузер и заден спојлер со „gooseneck“ суспензија.

Во стилот на својот претходник, новиот R8 GT доаѓа во мат Suzuka Grey боја на надворешноста, а алтернативно, достапни се Tangorot Metallic и Daytona Grey Metallic.

Во внатрешноста, продолжува стилот од првиот R8 GT, целиот ентериер е изработен во комбинација на црна и црвена боја. Ова ги вклучува црвените појаси – достапни само во R8 GT. Патосниците и седиштата се со буквите на специјалниот модел во црна и црвена боја. Додека клиентите можат да го најдат секвенциското нумерирање на нивниот R8 GT во средината на рачката на менувачот, делумно заматено во карбонската облога.