Инспириран од легендарниот Alpine A110 кој се натпреваруваше на Tour de Corse во 1975 година, оваа нова лимитирана изведба на A110 може да се пофали со иконски дизајн и спортски кокпит. Направен специјално за рели, Alpine A110 Tour de Corse 75 комбинира агилност и перформанси благодарение на ревидираната шасија и моторот кој испорачува 300 коњски сили.
Жолтата каросерија е во контраст со црната хауба и покривот. Иконската црна и жолта двобојна комбинација е надополнета со препознатливи црно-бели графики на „Tour de Corse 75“. Потписот „Tour de Corse 75“ на предното лево крило се совпаѓа со иконскиот мотив на вратите, бела линија на хаубата и бројот 7 суптилно испишан на задниот дел како референца за Berlinette рели автомобилот во тоа време. Спортските Sabelt Racing седишта се извезени со Tour de Corse 75 натпис и можат да бидат опремени со competition појаси. Однадвор, 18-инчните сјајни бели Grand Prix бандажи и портокаловите Brembo шепи на сопирачките го истакнуваат натпреварувачкиот дух на оваа лимитирана верзија.
Ќе има само 150 примероци од Alpine A110 Tour de Corse 75, со нумерирани плакети од 1 до 150. Ова ограничено издание го содржи и новиот Alpine мултимедијален систем со AndroidAuto и Apple Carplay поврзување. Во Франција, оваа верзија ќе чини 80.000 евра.
Свечено отворен во 1956 година, Tour de Corse е еден од најпознатите настани во мотоспортот, особено во релито. Во 1967 година, настанот стана дел од францускиот рели шампионат, а во 1973 година стана француска рунда на Светското првенство во рели. Две години подоцна, 77 екипажи излегоа на корзиканскиот асфалт, но само 22 завршија, јасен показател за степенот на тешкотија на релито бидејќи изданието од 1975 година беше сцена на многу изненадувања.
Alpine A110 и Lancia Stratos HF се бореа напорно за победата, а сето тоа се сведе на последната специјална фаза. А110 заостануваше помеѓу 5 и 30 секунди пред последниот сектор, но и двата поставија идентични времиња во оваа последна битка.














