4xe Plug-in хибридната гама на Jeep отсега достапна и на македонскиот пазар

Комплетно новата електрифицирана гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep во Македонија. Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.

Промотивно новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

„Електрично сините“ детали во дизајнот ја означуваат новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid

Однадвор, новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid задржува многу од дизајнот на моделите со мотор со внатрешно согорување (ICE), но се издвојува благодарение на впечатливите „електрично сини“ детали во дизајнот, како знак за распознавање на моделите.

Jeep Wrangler 4xe Plug-in Hybrid – 100% незапирлив

Стандарден носител на новиот курс на Jeep може да биде само новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid, електрифицираната верзија на легендата на Jeep со најголема способност, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега.

Однадвор се издвојува по надворешните детали во електрично сина боја. Новиот Wrangler 4xe е резултат на вешта рамнотежа помеѓу најнапредната технологија и најслободниот и воедно најавтентичен дух на марката. Всушност, целосно ги задоволува ентузијастите за возење по терени, а благодарение на електрификацијата што ја зголемува неговата способност во исто време е идеално решение за оние што сакаат своето SUV возило да го користат секој ден и не сакаат да прават компромис со избирање помеѓу слобода, забава или почит кон околината. Резултатот е 100% незапирлив  Wrangler според традицијата на Jeep, но со невидена карактеристика: тој е и најеколошкиот и најквалификуваниот Wrangler за теренски авантури, на што се придодава целосно задоволство од возење на отворено што отсекогаш го издвојувало возењето на легендата на Јеер. И перформансите имаат апсолутно значење: забрзува од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Инаку, неговиот погон 4х4 во целосно електричен режим, со досега невидена контрола при ниски вртежи, располага со автономија за да помине 50 km (во градскиот циклус WLTP) и возење со нула емисија на штетни гасови. Ова е доволно за секојдневна употреба во градот. Времето за целосно полнење е помалку од 3 часа со можност за негово програмирање, а благодарение на функцијата за максимална регенерација Max Regen, батеријата се дополнува кога продолжувате да возите во лер.

Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е опремен со два електрични мотогенератори, пакет високонапонски батерии, high-tech 2.0 литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Покрај тоа, моменталната достапност на вртежен момент и најдобрите перформанси се загарантирани од комбинацијата на турбо-бензинскиот и електричниот мотор, што го прави Wrangler 4xe Plug-in Hybrid неприкосновен „крал на теренските патишта“ и незапирлив на патиштата. И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid може да патува со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни теренски  перформанси во целосна безбедност и задоволство да го слушате „звукот“ на природата. Сето ова е обезбедено и надополнето со неспоредливата техничка опрема Trail Rated со која во зависност од нивото на опременост, вклучува два напредни системи за погон на четири тркала full time active on demand – Selec-Trac или Rock-Trac, со оските Dana next-generation, електричните блокирања на предниот и задниот Tru-Lock диференцијали, Trac-Lok диференцијалот со ограничено лизгање и електрично исклучување на предниот  стабилизатор.

Гамата на новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е изразена преку три нивоа на опременост – Sahara 4xe, Rubicon 4xe и, само за оваа година, ексклузивното славеничко издание “80° Anniversario” 4xe и специфични тракала од 17 и 18-инчи.

Jeep Renegade и Jeep Compass 4xe, моќ и перформанси

Jeep Renegade 4xe Plug-in Hybrid, SUV возилото кое е „Made in Italy“, e појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој, преку електрификацијата на гамата, на лидерот му придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. Една година од лансирањето, Renegade 4xe го потврдува целосниот успех на моделот, co околу 6.000 новорегистрирани возила во Италија и водство во сегментот во 2021 година, co 4.000 продадени возила.

И кај двата модела има 1.3-литарски турбо бензински мотор во комбинација со електричен мотор, кој се наоѓа зад задната оска, а се напојува од батерија од 11.4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови, со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, како и на јавна станица за полнење. Ефикасниот 1.3-литарски турбо мотор испорачува моќност од 130 КС или 180 КС, плус 60 КС произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 КС (верзија Limited) или 240 КС (Trailhawk и S).

Оваа архитектура обезбедува две возила во едно: електрично возило со батерија со електричен мотор и високоволтажна литиум-јонска батерија на задната оска и конвенционално возило со мотор со внатрешно согорување сместен на предната оска. Комбинацијата на моторот со внатрешно согорување и електричната единица гарантираат перформанси и максимално задоволство во возењето: забрзување од 0 до 100 km/h за околу 7.5 секунди, максимална брзина од 130 km/h во комплетно електричен режим и до 200 km/h во хибриден режим. Во смисла на вртежен момент, електричниот мотор произведува 250 Nm, додека моторот со внатрешно согорување испорачува 270 Nm.

Возачкото искуство со Jeep Renegade и Compass 4xe може да се персонализира во зависност од специфичните потреби и типот на патување, како дневното движење низ градот, за што е идеално целосно електрично возење, или возбудливи авантури на екстремни патеки во контакт со природата во автентичен стил на Jeep. Системот има три режими на работа – Hybrid, Electric и E-save. Посакуваниот режим може да се активира со употреба на прекинувач лоциран пред рачката од менувачот. Во сите режими за возење, системот за регенеративно сопирање ја обновува енергијата за време на фазите на пасивно возење (како што е забавување или лесно сопирање). Дополнително, Renegade 4xe вози во хибриден режим кога батеријата го достигнува минималното ниво на полнење без оглед на избраниот режим. Моделите Renegade и Compass 4xe се на располагање со 3 нивоа на опременост Limited, S и Trailhawk, две нивоа на моќност –  190 или 240 КС.

Повеќе информации за возилата може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Jeep.