Mercedes конечно го лансираше директниот конкурент во ултра хот хеч сегментот! Новиот А45ѕ AMG е директен конкурент на Ауди RS3 кој под хаубата носи 2.0 турбо бензиски мотор со 420 коњски сили! Да, добро прочитавте… 420 коња од 2.0-литарски мотор. Браво Mercedes!
Mercedes го претстави овој модел на фестивалот Goodwood Festival of Speed и за прв пат се претставени 2 модели од А-class AMG. Основниот модел е А45 AMG со 388 коњски сили, забрзување од 0-100 км/ч за 4.1 секунди и крајна брзина електронски лимитирана на 250 км/ч. Mercedes нуди опционален AMG Driver’s Package кој ја зголемува крајната брзина до 270 километри на час. Помоќната ”S” верзија го носи истиот мотор, но произведува 420 коњски сили, 500 Nm вртежен момент и забрзување од 0-100 за 3.9 секунди – побрзо од далеку помоќниот AMG GT Coupe со V8 мотор!
Двете верзии ја пренесуваат силата преку веќе познатиот 4MATIC all-wheel-drive систем кој работи заедно со 8-степениот автоматски менувач со двојна спојка. За целото возачко искуство да биде комплетно Mercedes посвети внимание и на подобрување на останатие елементи кои се клучни за динамика при возењето, како што се шасијата и подобрената суспензијата. Кога сме кај подобрувањата вреди да се спомне дека се користат frequency-selective амортизери, MacPherson strut барови на предната оска и multi-link задна оска. Mercedes тврди дека овие промени допринесуваат за квалитетот при возењето да е подобрен во споредба со стариот модел и дополнително, автомобилот има зголемена тракција и агилност. За оние нај “hardcore” ентузијасти, како дополнителна опција може да се додаде AMG Ride Control што е всушност адаптивна суспензија, која овозможува возачот да избере помеѓу меко градско возење до тврд и спортски сетап за на стаза. Секако, за овој автомобил да се сопре потребни се солидни дискови – 350mm дискови напред, 330mm дискови назад кај стандардниот А45, додека во А45ѕ се наоѓаат 360mm предни дискови.
Mercedes, во потрага по забава при возењето на овој автомобил “налета” на drift mode. Овој новитет е стандардна опција во А45ѕ, а постои како дополнителна опција за стандардниот А45 AMG.
Сигурно се прашувате како овој систем функционира? – лесно, многу електроника зачинета со знаење од инжењерите во Mercedes. Накратко, станува збор за користење на електро-механички torque vectoring систем на задната оска кој има за цел да ја пренесува силата помеѓу левото и десното задно тркало. Во комбинација со варијабилен torque помеѓу предната и задната оска, Drift mode ја пренесува силата така што овозможува контролирани пролизгувања. Покрај овој mode, со притискање на копчето AMG Dynamic Select достапни се веќе познатите модови – Slippery, Comfort, Sport, Sport+, Individual и Race.
Надворешноста е малку поспортска во споредба со веќе постоечкиот А35, но овој модел го има AMG Aerodynamic package како стандардна опрема кој вклучува аеродинамични додатоци на предниот браник, сплитер на предниот браник и прилично голем заден спојлер. Самата школка е поцврста со цел да се зголеми ригидноста на овој автомобил.
Внатрешноста е слична како таа во А35, со мали измени како што се жолти акценти низ кабината, наместо црвени во послабиот модел. Supersport bucket седишта и flat bottom воланот се стандардна опрема. Сепак, достапни се и неколку додатни опции за внатрешноста на овој автомобил.
Доколку сте љубител на посети на стаза и бркање подобро време, MBUX infotainment системот на овој автомобил ќе ви помогне во подобрување на вашите временски рекорди. Предната камера користи како собирач на податоци и на екранот во внатрешноста има можност во “real time” да ги претстави идеалните “driving lines” со што би се подобрило времето потребно за возење на еден круг. Оваа опција ќе биде достапна на само неколку познати европски тркачки стази.











