Audi го претстави новиот A6 Allroad Quattro

Ова е новиот Audi A6 allroad quattro- базиран е врз основа на А6 Avant, а allroad верзијата нуди ревидирана суспензија, нови off-road технологии, нови mild-hybrid погони и преработен надворешен дизајн.

Во споредба со стандардниот Audi A6, суспензијата на аllroad моделот е повисока и адаптивна, а во зависност од брзината и условите на патот суспензијата автоматски ја менува висината.А6 allroad добива многу нови off-road системи, вклучувајќи hill-descent control, ревидиран ABS систем и tilt-angle assist систем, кој го предупредува возачот ако возилото е во ризик од превртување. Германскиот бренд, исто така, го рекалибрира allroad traction control системот за подобрени перформанси при off-road возење.

Надворешниот дизајн на новиот A6 Allroad има црни пластики околу трклата, нов преден и заден браник со малку променет дифузер во споредба со нормалниот А6 Avant, нови странични прагови и нови шини на кровот.Во стандардната опрема добивате 18-инчни бандажи и заштитни панели на долниот дел на возилото.
Ентериерот и опремата која ја добивате се исти како и кај другите А6 модели, стандардно доаѓа со 10.1-инчен дисплеј за infotainment системот, дигитален клима уред, гласовни команди и многу друго…Како опција достапна е дигитална инструмент табла со 12.3-инчен дисплеј, head-up дисплеј, предни седишта со греење и вентилација, панорамски сончев кров, 21-инчни бандажи и така натаму…

Новиот A6 allroad е достапен само со 3.0-литарски V6 mild-hybrid дизел мотор кој има три варијанти.Најслабата варијанта(45 TDI) има 231 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, втората варијанта(50 TDI) има 286 коњски сили и 620Nm вртежен момент, додека најјаката (55 TDI) варијанта има 347 коњски сили и 700Nm вртежен момент.
Mild-hybrid системот на Audi користи 48 волтен алтернатор/стартер и литиум-јонска батерија, а потрошувачката на 45 TDI и 50 TDI моторите би требало да биде околу 5.9 литри на 100 изминати километри, а кај 55 TDI е малку повисока и изнесува 6.6 литри на 100 изминати километри. MHEV системот кај А6 allroad е исто така опремен со систем за зачувување на енергијата и може да зачува до 8kW моќ при кочење.Со таа зачувана енергија A6 allroad може да се вози само на електрична енергија со брзина до 23 км/ч.
Сите три варијанти на мотори доаѓаат со 8-степен автоматски менувач и ревидирана верзија на Quattro системот, како и ажурирана верзија на електронската шасија која може да се конфигурира.Исто така, како опција достапен е и torque-vectoring диференцијал за задната оска.