BMW ги претстави M8 Coupe и M8 Convertible!

Конечно!-после толку многу “spy” фотографии, ова е целосно новиот и прв до сега BMW M8 модел.
Надворешниот изглед е малку променет и нормално, поагресивен.Напред добива нов поагресивен браник и предната решетка “kidney grille” сега е во сјајно црна боја.Назад исто така, има нов браник, добива и тенок спојлер на багажникот и секако традиционалните М четири издувни цевки.Специјално дизајнирани 20-инчни бандажи се исто така дел од новите работи кои ги добива овој М модел.Како опција достапен е и M-Carbon Exterior Package со кој добивате екстра карбон делови како што се- предните отвори за воздух, ретровизорите и задниот дифузер. Промените во ентериерот не се толку големи и добивате М спортски седишта, М спортски волан и менувач како и многу делови со М логото.

Најбитната работа за овој модел е секако, моторот!-претпоставувам дека повеќето од вас веќе знаете кој мотор го користи новиот M8.Да да, под хаубата се крие добро познатиот твин-турбо 4.4-литарски V8, комплетно истиот мотор од M5.Произведува 600 коњски сили и 750Nm вртежен момент.Силата се пренесува преку 8-степен Steptronic автоматски менувач на сите четири тркала преку најновиот xDrive систем.Coupe верзијата до 100 км/ч забрзува за 3.1 секунди, додека Convertible верзијата за 3.2 секунди.Максималната брзина на двете верзии е електронски ограничена на 250 км/ч, но ако го имате опционалниот M Driver’s Package максималната брзина расте на 305 км/ч. Со овие перформанси M8 е на листата на најбрзи GT автомобили. Освен “стандардниот” М8, BMW истовремено ја претстави и Competition верзијата која исто како и кај М5 Competition, има дополнителни 25 коњски сили и вкупната моќност тука е импресивни 625 коњски сили! Исто така, Competition верзија добива и М8 Convertible, што е многу кул, нели?

Како и секој М автомобил, новиот М8 нуди многу прилагодувања за удобност и перформанси зад воланот, иако акцентот на оваa верзија е ставен на перформансите.Има разни модови за автоматскиот менувач, како и можност да одберете како сакате да работи xDrive системот, дали според условите на патот или пак за малку дрифт…
Во споредба со стандардната серија 8, овој М8 модел добива нова подобра суспензија и адаптивна шасија која може да ја подесите за нормално возење или возење на тркачка патека.Competition верзиите добиваат уште потврда суспензија и плус појачани компоненти на шасијата.Секако, и издувниот систем има можност да го прилагодите по ваш мерак.Да биде тивок доколку сакате порелаксирано возење или да биде мнооогу гласен(верувам дека луѓето кои ќе го купат ова возило повеќето од времето ќе возат со втората опција…)

Продажбата на новиот М8 се очекува да започне во Септември оваа година.