Lexus го освежи SUV моделот RX

Lexus ја претстави фејслифт верзија на RX- промените вклучуваат мали стилски освежувања на надворешниот и внатрешниот дизајн, подобрена механика и сите најнови безбедносни системи на Lexus.
Надворешниот изглед има нов преден и заден браник, нов заден дифузер, преработени издувни завршетоци и нов сет на предни и задни светла. Во внатрешноста, новиот RX доаѓа со нов infotainment дисплеј осетлив на допир и поврзување на вашиот паметен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto, а моделот со 7 седишта има редизајниран трет ред седишта и од Lexus тврдат дека сега има повеќе простор за нозете на патниците.

Подобрена е и целата структурата на RX и поставени се комплетно нови, поцврсти anti-roll барови.Поставени се и нови амортизери, подобрено е сервото на воланот и Active Assisting Cornering системот, а со сите овие промени Lexus тврди дека сега има помалку understeer и е многу постабилен во кривини.
Како и претходниот модел, RX ќе биде достапен само со 3.5-литарски V6 хибриден погон во две варијанти- со 295 коњски сили, а појаката верзија произведува 308 коњски сили.Моторот е достапен само со CVT автоматски менувач и електричен систем за погон на сите тркала, што резултира со забрзување од 0 до 100 км/ч за 7.7 секунди.

Новиот RX е првиот автомобил на Lexus кои ќе ги користи новите BladeScan адаптивни LED фарови.Овој нов систем нуди поголема видливост за возачот, без да ги заслепува другите возила кои доаѓаат од спротивен правец.
Дел од новите безбедносни системи кои ги има RX се- road sign assist, radar-controlled adaptive cruise control и pre-collision system кој сега може да открие пешаци и преку ден и преку ноќ.