1.0-литарскиот Ecoboost мотор моментално го има во секој четврти продаден модел на Ford во Европа! И седум години по неговото лансирање, се закити со уште една награда за “мотор на годината”.
Овој мотор беше воведен во 2012 година од тогашниот шеф, Alan Mulally.А од тогаш до сега голем дел од продадените Ford Fiesta модели се баш со овој Ecoboost мотор.
Ford кажува дека моторот е толку мал што може да го ставите на А4 лист хартија.Ова значи дека е многу економичен, но сепак не е намалена силата на моторот. Турбо-полначот помага за да може да испорача моќност и до 140 коњски сили, а пред некое време беше претставена и mild hybrid верзија на овој мотор кој ќе има 155 коњски сили.
Моторот е толку добар што сега ќе се врадува и во големиот Ford Transit и секако со mild hybrid технологија.
Ford беше и “виновникот” за овој downsizing тренд на мотори со тогашниот Ecoboost.Денес, скоро секој бренд за автомобили ги користи овие мали мотори со три цилиндри и турбополначи…но и покрај тоа што голем дел од луѓето беа против овие мали мотори, синиот овал беше првиот голем бренд што се одлучи да почне да ги врадува овие мотори во своите возила.Моментално има повеќе од 1.6 милиони возила кои го имаат Ecoboost моторот!
Седумдесет судии од 31 земја оваа година го прогласија Ford Ecoboost победник во категоријата на мотори до 150 коњски сили.
Честитки за Ford, сосема заслужена награда!


