Првата генерација беше претставена на 94-тиот кат на Светскиот финансиски центар во Шангај во април 2009 година и тогаш немаше друг ваков автомобил во луксузниот сегмент со четири врати.Сепак за некои изгледаше одлично, а за некои па и не баш одлично.Porsche за кратко време ја прошири понудата на Panamera со дизел и хибридни мотори, како и погон на сите тркала.
Втората генерација на Panamera пристигна во 2016 година, а од тогаш Штутгарт продаде 73.700 примероци од овој модел.Што е одлична бројка кога ќе се земат во предвид спротивните мислења што ги имаат луѓето за овој модел на Porsche. Знаете, некои луѓе веруваат дека Porsche треба да го произведува само моделот 911 и ништо друго.
Gernot Döllner, потпретседателот на производната линија на Panamera од 2011 до 2018 година, е најзадоволен од втората генерација. “Со втората генерација, успеавме да ја пренесеме хибридната стратегија ориентирана кон перформансите од моделот 918 Spyder во луксузниот сегмент”, рече Döllner.
Turbo S E-Hybrid е привлечен PHEV, комбинирајќи ефикасност со вид на перформанси што би ги очекувале од супер-спортски автомобил.Ова е најмоќната изведба на Panamera која има 671 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Porsche има одлична историја со седани, како што е моделот 630 кој беше претставен во 1950-тите. Врз основа на моделот 356, прототипот имаше поголеми врати за полесен пристап, подолго меѓуоскино растојание како и повисок покрив за повеќе простор во кабината. Потоа се појави 911 со четири врати, а исто така Porsche го “продолжи” моделот 928. Кога ќе се земат во предвид и 989, Mirage, Meteor, и Phantom концептите, не е изненадување што Panamera постои во гамата на Porsche.
До сега се продадени 234,400 примероци од овој модел!
Назад во добрите денови, Panamera беше достапна со шест брзински мануелен менувач, а во денешно време PDK автоматски менувач со осум брзини е стандард во сите модели.




