Range Rover добива нов mild-hybrid погон

Jaguar Land Rover го опреми Range Rover со нов mild-hybrid мотор.Користи 3.0-литарски бензински мотор и електричен мотор. JLR тврди дека новиот мотор ја подобрува економичноста, ги намалува емисиите и ги подобрува перформансите.
Новиот 3.0-литарски MHEV мотор има 400 коњски сили и 550 Nm вртежен момент.Моторот е опремен со twin-scroll турбополнач, електричен мотор кој му помага и ја прилагодува турбината на мали брзини. JLR тврди дека овој систем го елиминира турбо заостанувањето, овозможувајќи 0-100 км/ч да достигне за 5,9 секунди и максимална брзина од 225 км/ч.

Како и сите Range Rover модели, силата се пренесува на сите четири тркала преку осум-брзински автоматски менувач.Потрошувачката би требало да биде околу 7.7 литри на 100 изминати километри и 212гр CO2 емисии на километар според тестирањето на NEDC. Овие бројки се постигнуваат со помош на старт-стоп технологијата и системот за зачувување на енергијата, кој при кочење ја чува енергијата и ја складира во 48V батерија за понатамошна употреба. За да го надополни новиот мотор, JLR претстави и нова палета на бои за Range Rover, како и нови 22-инчни алуминиумски бандажи.Има и нови предни LED светла, кои вклучуваат и нов “Tourist Mode” и “Signpost Dimming” сетинзи.Првото го прилагодува правецот на светлата кога возите во странство, додека вториот ги идентификува сообраќајните знаци и ја намалува јачината на светлата за да го намали блесокот.

Внатре, Range Rover сега доаѓа како стандард со Smartphone пакетот, кој вклучува поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.Land Rover Terrain Response 2 е во стандардната опрема, како и сите безбедносни системи, адаптивен темпомат и брзо сопирање на големи брзини.