Nissan X-Trail достапен со нови поекономични мотори

Nissan најави нови мотори и нова dual-clutch автоматска трансмисија за SUV моделот X-Trail. Купувачите можат да одберат помеѓу 1.7-литарски четири-цилиндарски дизел или 1.3-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински мотор.Овие мотори се исто така веќе достапни и во Nissan Qashqai и Renault Kadjar.
Новиот 1.7-литарски дизел има 150 коњски сили и 340Nm вртежен момент, а го заменува стариот 1.6-литарски дизел мотор.Како стандард доаѓа со преден погон(како опција достапен е и погон на сите четири тркала)и 6-степен мануелен менувач.Според Nissan потрошувачката на гориво би требало да биде околу 6.5 литри на 100 изминати километри.
Новиот 1.3-литарски турбо-бензинец е достапен само со DCT автоматски менувач и погон на предните тркала.Перформансите се слични со 1.6-литарскиот мотор кој го заменува, има 160 коњски сили и 270Nm вртежен момент.Просечната потрошувачка би требало да биде од 6.3 до 6.8 литри на 100 изминати километри.