Abarth прикажа две нови верзии за електричниот 500e

По успехот на привлечната „Scorpionissima“ launch верзија на 500е, Abarth претстави две нови верзии за новиот Abarth – ова се основната 500e и 500e Turismo верзии. 

Новиот Abarth 500e го означува „влезот“ на брендот во новата ера и нуди многу добри перформанси и карактер благодарение на новите дизајнерски елементи и спортските детали. Спортскиот карактер е потврден со новата ознака на Abarth во темно титаниум сива боја поставена над предната решетка. И тоа не е „само потпис“, туку унија на перформанси и иновации, забава и одржливост. Покрај нив, новото електрифицирано лого со потпис на Scorpion се наоѓа на страната на автомобилот, до вратата, за да ги предупреди возачите дека влегуваат во нов електричен свет.

Алуминиумските тркала од 17 инчи со нов наменски дизајн, исто така, му даваат на новиот Abarth уште поагресивен изглед, заедно со ексклузивните и спортски линии на профилот, задниот дифузер и новите мат сиви капачиња на ретровизорите. 

Спортското чувство продолжува и во внатрешноста – црниот покрив и столбовите, спортските седишта со „scorpion ленти“ врежани на ткаенината и спортскиот волан обвиен во црна кожа го прават возењето навистина спортско и пријатно. Пред возачот има 2 големи екрани: инфозабавен систем со екран на допир од 10,25-инчи со новите Performance Pages и 7-инчен TFT инструмент кластер со посветена Abarth графика. 

Новиот Abarth 500e доаѓа со специфичен звук кој репродуцира rock гитарски тон во кабината секогаш кога автомобилот се вклучува или исклучува. Па дури и AVAS добива специфичен „Abarth jingle“, препознатлив звук за обожавателите на Abarth, кој ја отсликува трансгресивната и неконвенционална душа својствена за жанрот и за автомобилите на Scorpion.

Turismo верзијата е на врвот на новата линија, нудејќи, како и секогаш – одлични перформанси, уникатен стил и оригинален звук на Abarth. Внатрешните и надворешните детали ја зајакнуваат страста на вистинските возачи, истовремено исполнувајќи ги соништата на трагачите по модерниот начин на живот.

Впечатливата надворешност е збогатена со специјални 18-инчни бандажи во титаниум сива боја, кои го доближуваат возачот до патот со нивните перформанси за држење и агресивниот и остар дизајн, комбинирајќи ја и модерната бестрашност и традиционалната елеганција.

Внатре, спортскиот стил го наоѓа својот целосен израз со своите премиум елементи од алкантара, врвен тркачки материјал кој обезбедува темен спортски изглед и префинето чувство на допир. Комбинацијата на алкантара и кожа на воланот и контролната табла, исто така, даваат допир на спортско и врвно чувство. Спортските седишта со интегриран потпирач за глава го носат Acid-Green Scorpion логото, а спортските двојни шевови обезбедуваат визуелен континуитет од седиштата до панелите на вратите.

Потписот на брендот, непогрешливиот „звук“ на Abarth, благодарение на Abarth Sound Generator го придружува секое патување со 500e Turismo. Ова е стандардна карактеристика на „Turismo“ која ги истакнува перформансите на моторот, верно репродуцирајќи го звукот на бензинскиот мотор на Abarth инспириран од познатиот издув на Record Monza. Дизајниран да ги понуди сите емоции што секој Abarthist и автомобилски ентузијаст ги бара кога вози Abarth. 

Благодарение на неговата електрична архитектура, всушност, заедно со подобрената распределба на тежината, моменталниот вртежен момент и поширокото меѓуоскино растојание, Новиот Abarth 500e е побрз од неговата бензинска верзија и повозбудлив и во градското и приградското возење.  Всушност, тој е за 1 секунда побрз во урбаната средина, што значи 50% побрзо забрзување од 20 до 40 км/ч од неговиот пандан на бензин. Надвор од градско возење, на пример на свиоци, од 40 до 60 км/ч забрзува за само 1,5 секунда – многу побрзо од неговата бензинска верзија, која заостанува за 15 метри, достигнувајќи 60 км/ч секунда подоцна.

Понатаму, новиот Abarth 500e нуди одлична динамика на управување и возење, со побрз одговор, подобро влегување во свиоци и поголема брзина на влез и излез од свиоци. Накратко, тоа е повеќе Abarth од било кога. 

Опремен со батерија од 42 kWh во комбинација со моќен е-мотор, ги комбинира перформансите на Scorpion со иновацијата на електричната мобилност. Се одликува со најдоброто забрзување во класата и истовремено обезбедува нула емисии. На крајот, новиот Abarth 500e е „возбудлив и брз“ токму во оние услови каде што навистина можете да се забавувате. Со досег до 265 километри и брзо полнење до 85 kw во директна струја (DC), новиот Abarth 500e обезбедува многу возбуда при возењето.

И кај новиот Abarth 500e и кај новиот Abarth 500e Turismo, достапни се три ексклузивни режими на возење кои се фокусираат на перформансите – Turismo, Scorpion Street и Scorpion Track – давајќи им целосна слобода на клиентите целосно да го подобрат спортскиот сетап и да ја ослободат моќта на нивниот Abarth во секој предизвик на патот.