Најголемиот SUV на марката од Штутгарт го претрпе првото големо дотерување. Секако, нема револуција, но дел од новитетите ќе ги забележите со голо око. Најконтроверзните промени дојдоа на предната табла на верзијата Maybach, која сега е уште поконтроверзна.
Mercedes очигледно не успорува и постојано не преплавува со нови производи. Овој пат го имаме новиот освежен Mercedes GLS – најголемиот SUV на марката е дискретно модифициран, но новите модели лесно може да се видат „од прва“.
Mercedes веднаш ги покажа сите верзии на GLS. Па така, можеме да погледнеме како тие се разликуваат едни од други. Стандардните верзии добија нов преден дел, со поголема решетка и различно дизајниран браник, а исто така и на задниот дел. Тука се изменети и предните и задните светла (имаат малку освежен светлосен потпис). Освежениот GLS може да се купи и во нови бои – Twilight Blue Metallic и Manufaktur Alpine Grey. Интересно е што втората нијанса не е металик.
Во кабината промените се многу дискретни. Овде ќе најдеме нов волан и освежена графика на MBUX системот. Боите Catalana Beige и Bahia Brown се приклучија на палетата на кожни тапацири. Интересно изгледаат и декорите од дрво. Втората опција од новитетите се Manufaktur декоративните ленти во Piano Black, со метални елементи вткаени во панелите.
Најголемата промена „под каросеријата“ е Off-Road Engineering Package за GLS 580. Го зголемува растојанието од подлогата за повеќе од 2 сантиметри и го олеснува возењето надвор од патот.
Mercedes-Maybach GLS има нов преден дел и подобрен внатрешен тапацир. Овде, стилистите на брендот беа јасно инспирирани од чантите и куферите на Louis Vuitton, бидејќи логото на брендот е скриено во решетката во браникот. Мислам дека клиентите нема да бидат разочарани од таквата новина. Покрај тоа, 23-инчни forged алуминиумски тркала се појавија во опсегот на опции.
Mercedes-AMG GLS 63 ги има новите дигитални светла со проектор. Тие можат да прикажуваат информации на патот, што е еден од најинтересните патенти на брендот. Покрај тоа, се појавија мали корекции во суспензијата, а стилот на автомобилот беше минимално освежен. Промените овде се аналогни на оние од стандардната верзија на GLS.
Новиот Mercedes GLS се произведува во фабриката во САД. Таму овој модел игра клучна улога за брендот, иако е исто така многу популарен и во Европа.


























