Новиот KIA EV9 нема повеќе тајни, брендот ги отрки сите детали за големиот електричен SUV. Храброста на KIA е навистина импресивна. Брендот се фокусира на смели дизајни со технички напредни конструкции. KIA EV9 ја виде светлината на денот пред неколку дена. А сега ја знаеме спецификацијата на овој автомобил – кој е многу импресивен!
Најпрво се запознавме со фотографиите од овој автомобил кои го открија неговиот стајлинг. И во принцип не е променет во однос на прототипот, што е навистина голем плус на овој автомобил. Сега е време да обрнеме внимание на техничките работи. И овие се исто така големо изненадување. Спротивно на изгледот, тука се сменија многу елементи во споредба со помалиот EV6. EV9 ја користи истата E-GMP платформа, но има многу поголема батерија.
Батеријата кај EV9 нуди капацитет од дури 99,8 kWh, а електричниот систем користи архитектура од 800 волти. Тоа пред се значи огромна ефикасност на целиот сет и можност за користење на многу брзо полнење, со моќност до 300-350 kW.
Основниот KIA EV9 има еден мотор сместен на задната оска. Тој нуди 204 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Во ова издание, забрзувањето до 100 км/ч трае 9.4 секунди. Помоќната AWD варијанта нуди 358 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Тука, забрзувањето до 100 км/ч е точно 6 секунди, иако ова не е последниот збор на KIA. Функцијата BOOST додава дополнителни 100 Nm, а забрзувањето до 100 км/ч паѓа на 5.3 секунди.
KIA ветува автономија од 543 километри со едно полнење во најефикасната верзија. За 15 минути со брз полнач ќе го зголемиме досегот за 239 километри.
Се разбира, не е заборавена функцијата Vehicle2Load, благодарение на што автомобилот може да се користи како одлична електрана. Гледањето филмови од проектор некаде на терен или напојувањето на мала забава не е проблем за овој автомобил.
KIA EV9 е огромен автомобил – Корејците направија навистина голем и простран теренец. Има должина од 5.01 метри, ширина 1.98 метри и висина од 1,.75 метри. Меѓуоскиното растојание е 3.1 метар. Големината на тркалата се движи од 19 до 21 инчи.
Благодарение на оваа големина, тука се погодно лоцирани три реда седишта. Од KIA ветуваат дека секој од нив нема да остане без простор дури и за високите патници. Ниту багажникот нема да разочара со својата големина.
Lidar се појави и во EV9 – новиот Highway Driving Pilot воведува автономно возење со ниво 3. Во одредени земји, според Регулативата бр. 157 на ОН, која се однесува на одобрување на автоматските режими на возење, ќе може да се вози без држење на воланот. Максималната брзина во овој режим е 130 км/ч.
KIA EV9 има два Lidar сензори и 15 други сензори, благодарение на кои ја надгледува околината и безбедно ја одржува избраната патека за возење. Новиот систем, исто така, интегрира адаптивен темпомат и автоматско паркирање.
Цените за новиот EV9 сеуште не се познати, но се очекува најевтината верзија да чини околу 60.000 евра. Корејците, сепак, веќе подготвуваат помал теренец, кој дизајнерски ќе биде поврзан со EV9.










