Mercedes-AMG претстави нов SL 63 „Motosport Collectors Edition“

За да го одбележи крајот на сезоната во Формула 1 за 2022 година, Mercedes-AMG претстави специјална верзија на SL 63 4MATIC+. Оваа лимитирана верзија го одразува изгледот на тркачкиот Mercedes-AMG F1 W13 E PERFORMANCE автомобил. Градијацијата на бојата од сребрена металик до обсидиан црна металик е инспирирана од моделот од врвната класа на мотоспортот. Истото важи и за шарата на ѕвездите на страните на автомобилот и за контрастната боја на PETRONAS. Елементите кои се во оваа контрастна боја се во долниот дел на предницата, страничните прагови и задниот дифузер. На ова се додадени и специјални 21-инчни AMG ковани тркала со 10 двојни краци во мат црна завршница со детали во бојата на PETRONAS. 

AMG Aerodynamics пакетот не само што го драматизира изгледот туку ги подобрува и аеродинамичните својства. Овој пакет се състои од поголеми отвори на предниот и задниот дел, поголем заден дифузер и активен профил во долниот дел на каросеријата. Истото важи и за потисната сила и аеродинамичниот отпор. Сето ова носи предности за возните карактеристики при големи брзини и за подобрена ефикасност. 

AMG Night и AMG Night II пакетите го подобруваат визуелниот изглед на „Motorsport Collectors Edition“ верзијата. Со пакетот AMG Night, избраните надворешни карактеристики се обработени во црна боја со висок сјај – предниот сплитер, страничните панели на праговите, капачињата на ретровизорите и декоративната облога во задниот дифузер. На ова се додадени и затемнети издувни цевки. Пакетот AMG Night II додава дополнителни функции во црн хром, вклучувајќи ја решетката на ладилникот, типографијата и ѕвездата на Мерцедес одзади. Покрај тоа, внатрешните компоненти на фаровите и задните светла се затемнети. Црно се обоени и шепите на сопирачките на композитниот систем за сопирање AMG со високи перформанси. AMG капачето за полнење гориво во сребрен хром со натпис „AMG“ исто така го нагласува посебниот статус на изданието.

Стандардните AMG Performance седишта се достапни во две изведби: во црна nappa кожа/MICROCUT микрофибер со црвени шевови и врежан AMG амблем во потпирачите за глава или во црна nappa кожа/MICROCUT микрофибер со жолти контрастни шевови. Елементите од карбон во кабината се усогласени со AMG Performance воланот кој е исто така со карбон.

Burmester 3D аудио системот од висока класа, амбиенталното осветлување, внатрешниот MBUX асистент, пакетот за помош при возење и главниот дисплеј се стандардно вклучени во овој специјален модел. AMG TRACK PACE системот обезбедува поддршка со широк опсег на податоци при возење на тркачка патека. Дополнителен пакет ја зголемува секојдневната практичност, додека осветлените AMG панели на праговите ги пречекуваат патниците со логото AMG.

За да се заштити овој вреден модел, тој е опремен со GUARD 360 систем. Дополнително, секој клиент добива приспособена AMG прекривка за својот автомобил. Со својата надворешна кожа, изработена од синтетичка ткаенина отпорна на кинење и антистатичка внатрешна обвивка од плетен фланелен слој, го штити возилото од прашина и гребнатини во гаражата.

Од овој Mercedes-AMG SL 63 4Matic + “Motorsport Collectors Edition” ќе бидат произведени само 100 примероци, што го прават еден навистана ултра-редок колекторски модел.