Citroën C3 неодамна имаше позначајно освежување со кое доби променет надворешен изглед, нови технологии и нови опции за персонализација. Сега, C3 добива и комплетно нови нивоа на опременост, кои освен што имаат нови имиња, добиваат и зголемена стандардна опрема.
Достапни се вкупно четири нивоа – You!, C-Series, Shine и Elle. Сите овие нивоа добиваат свој уникатни значки на предните врати, како и уникатни декоративни елементи на надворешноста. Основното You! ниво содржи стандардна опрема која вклучува – Hill Assist, препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за ненамерно преминување на коловозни лента, предни LED светла, задни LED светла со 3D ефект, 15-инчни челични тркала, патен компјутер, мануелен клима уред, инфозабавен систем со 5-инчен екран и многу друго.
Понудата на мотори останува не променета, па така C3 е достапен со вкупно три мотори. Основниот мотор е 1.2-литарскиот атмосферски PureTech со 82 коњски сили кој доаѓа исклучиво со мануелен менувач, следна е турбо верзијата на 1.2-литарскиот PureTech која испорачува 110 коњски сили и достапна е со мануелен или автоматски менувач. Доколку сакате дизел, достапен е само еден мотор, односно 1.5-литарскиот BlueHDi со 100 коњски сили кој доаѓа исклучиво со мануелен менувач.
Конкретниот модел од фотографиите е C-Series верзијата, односно второто ниво на опременост. Уникатно за оваа верзија е што добива елементи на надворешноста во бронзена боја – оквирите околу светлата за магла, на странични Airbump и специјална декорација на кровот.
Дополнително, ова ниво добива и побогата стандардна опрема која вклучува – 16-инчни алуминиумски бандажи, црни пластични штитници околу крилата и праговите, автоматски бришачи со сензор за дожд и автоматски светла, автоматски клима уред, инфозабавен систем со 7-инчен екран и контролната табла во внатрешноста е обложена со нов рециклирачки TEP материјал.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Citroen.
*до 31 Јануари има специјална понуда за C3 која вклучува 1.700 евра попуст за сите верзии.
















